Почетна Вести Мега интервју на Поглаварот Реџепи за интригите против ИВЗ во Македонија
Мега интервју на Поглаварот Реџепи за интригите против ИВЗ во Македонија

Мега интервју на Поглаварот Реџепи за интригите против ИВЗ во Македонија

318
0

Од печат излезе најновото издание на Ријасетот на ИВЗ во Република Македонија. Станува збор за книгата на познатиот теолог и публицист, Зекерија Идризи, а е насловена  “Предавство со профил на лисица“. Книгата е еден вид  мега интервју со Поглаварот на ИВЗ, Реисул Улема, х. Сулејман еф. Реџепи.

redzepiii-Книгата, во основа се бави со разоткривањето на измислиците, лагите и ниската пропаганда што се обидува да ја шири некогашниот секретар на ИВЗ, Африм Тахири. “Предавство со профил на лисица“ е одговор на неговата книга, но ова мега интервју на Председателот на ИВЗ исто така се бави и со редица слични проблеми со кои што ИВЗ се соочувала во континуитет. Книгата на Поглаварот на ИВЗ истовремено го анализира развојот на исламскиот верски живот кој што доживува голем напредок и покрај ниските удари и лаги со кои се соочи нашата верска институција, велат  од ИВЗ.

На книгата и претходи вовед на авторот што тој го насловил “ Исламските верски збиднувања во Македонија, како и тие националните, го носат белегот на х. Сулејман еф. Реџепи“. Во него, Зекерија Идризи, на есеистички начин говори за делото и активностите на поглаварот на ИВЗ во текот на изминатите две ипол децении.

Од ИВЗ велат дека книгата можат да ја набават во седиштето на ИВЗ, како и во сите Муфтиства во земјата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *