Почетна Вести Почна обновата на стариот конак на манастирот „Св.Никола“ во с.Љубанци
Почна обновата на стариот конак на манастирот „Св.Никола“ во с.Љубанци

Почна обновата на стариот конак на манастирот „Св.Никола“ во с.Љубанци

407
0

Почнаа активностите за конзервација, реставрација и статично зајакнување на стариот конак на манастирот „Свети Никола“ во скопското село Љубанци.

На означувањето на почетокот на работите за конзервација, реставрација и статичко зајакнување на манастирот, присуствуваше министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, која рече дека манастирскиот комплекс „Св.Никола“ во Љубанци е несомнено едно од најзначајните светилишта на овој простор, кој во минатото го носел епитетот Света Гора.

ljubanci-8– Овој комлекс во чиј сегмент е црквата „Св.Никола“ и стариот конак сведочи за присуството на бројните талентирани зографи, стари мајстори и архитекти, духовни луѓе и учители кои своето спокојство и инспирација ги наоѓале токму во овој духовен храм. За тоа сведочи исклучително вредниот иконостас од 19 век изработен од познатиот македонски мајстор Дичо Зограф, пораки кој целиот комплекс веќе пет децении е заштитен споменик на културата, истакна Канческа – Милевска.

ljubanci-7Посочи дека со обновата на манастирскиот конак излегле во пресрет на бројните барања на жителите на Љубанци и општина Бутел кои во повеќе наврати при нејзините посети ја изразиле нивната голема желба да се ревитализира ова наше непроценливо културно наследство.

– Уверена сум дека со активностите за обнова на конакот ќе се сочува автентичноста на овој значаен примерок на традионалната македонска архитектура и кој во иднина ќе можат да го посетуваат, не само жителите на Љубанци и околината, туку и уште поголем број на домашни и странски гости кои ќе се запознаат со богата историја на комплексот и ќе уживаат во неговата убавина, рече Канческа – Милевска.

ljubanci-6Република Македонија, потенцира министерката, е земја со непроценливо културно богатство, наследство од различни периоди, епохи, цивилизации.

Додаде дека токму затоа рехабилитацијата на културното наследство што го поседуваме е еден од приоритетите во Пограмата на Владата и на Министерството за култура и во таа насока во изминатите години издвоиле значителен фонд на средства за заштита на вредните сакрални објекти, цркви, манастири, џамии и други импозантни градби и вредни споменици на културата.

ljubanci-4Чинот на осветување по повод почетокот на работите за конзервација, реставрација и статично зајакнување на стариот конак на манастирот „Свети Никола“ во селото Љубанци, го изврши поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г.Стефан во сослужение со свештенослужители од Скопската православна епархија.

– Овие темели сведочат дека ние всушност надградуваме над она што граделе нашите претходници. Нашите предци направиле многу, но и оваа генерација прави, гради, заштитува. Овој денешен чин и ова започнување во обновата на стариот конак во манастирот го разбирам како вложување во нашата иднина, а грижа за минатото, рече г.г. Стефан.

ljubanci-2Додаде дека денешниот ден кога почнува обновата на манастирскиот конак, е денот на Свети Јован Богослов, големиот мислител, ученикот Христов.

Директорот на Конзерваторскиот центар на Град Скопје, Ема Петрова истакна дека во последните години на земјиштето на кое е распространет манастирот се појавило свлечиште од кое бил погоден и стариот конак кој комплетно бил руиниран.

ljubanci-5НУ Конзерваторски центар, посочи, во последните три години изработи основен проект за конзервација, санација и статичко зајакнување на конакот. Додаде дека минатата година комплетно го демонтирале конакот, за денеска да отпочне неговото враќање во автентична состојба.

Манастирот „Св.Никола“ во село Љубанци, сместен на падините на Скопска Црна Гора, е комплекс од градби од 19 и 20 век. До 1960 година функционирал како машки манастир, а од 1998 година е возобновен како женски манастир. Заради погодноста на планинската клима, за време на Втората светска војна манастирот претставувал воздушна бања за болни од туберколоза.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *