Почетна Вести Аџиите од Македонија ќе патуваат само со авион
Аџиите од Македонија ќе патуваат само со авион

Аџиите од Македонија ќе патуваат само со авион

248
0

Аџиите кои од Македонија годинава ќе патуваат на аџилак во Саудиска Арабија ќе одат само со авион.

Таква одлука едногласно донел Ријасетот на Исламската верска заедница, на седницата одржана на 27 јануари 2016 година во Скопје.

Одлука на Ријасетот била во согласност со барањата на Саудиска Арабија, на кои секоја Исламска верска заедница мора да се придржува

ИВЗ соопштува дека еднинствена легитимна институција за организирање на аџилакот е ИВЗ и ги повикува верниците да не дозволат да бидат измамени преку некои туристички агенции и на тој начин да им биде загрозена безбедноста.

-По многу направени анализи во врска со организацијата на аџилакот во минатото, земајќи го предвид системот и правилата на организирање на Хаџот од Министерството за аџилак во Саудиска Арабија, чии неприменувања на истите може да доведат до казни и последици за организаторите на аџилакот, Ријасетот на ИВЗ едногласно ја донесе  одлуката организацијата на Хаџ, од оваа година (2016) да се организира само преку воздушна линија, со што организирањето на аџилакот се унифицира со организирањето од Република Косово, Република Албанија и Република Турција, стои во соопштението на ИВЗ.

Имајќи го предвид ова, Ријасетот како единствен легитимен организатор апелира до верниците во земјата да не станат жртва на поединци и агенции, кои може да се јавуват како организатори на аџилак, бидејќи нема да има организација различна од онаа на Исламската верска заедница во Македонија, стои во соопштението на ИВЗ.

ИВЗ ги информира своите верници, кои одлучиле да одат на аџилак, дека годинава пријавувањето треба да го направат многу порано отколку претходните години.

Оваа одлуката е и поради безбедносни причини за аџиите кои покрај авионски, до минатат година патуваа и со автобуси.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *