Почетна Вести Реџепи: ИВЗ е единствениот браник од радикалниот ислам во Македонија

Реџепи: ИВЗ е единствениот браник од радикалниот ислам во Македонија

385
0

Исламската верска заедница е единствениот браник од напливот на радикалниот ислам во Македонија. Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека процесот на појава на радикалните исламисти почнува веднаш по распадот на Југославија, но дека ИВЗ сите овие години е единствената која активно се бори против овие појави.

– Што се однесува до радикалното движење или поинаку претставување и толкување на исламот на подрачјето на Република Македонија и пошироко на Балканот, навистина по распадот на поранешна Југославија, по доаѓањето на таканаречениот повеќепартиски систем, политички плурализам, некако почна и тоа радикално толкување или верско-политичко движење од Блискиот Исток и на овие простори. И навистина од прв миг ние како Исламска верска заедница бевме многу гласни за тоа, забележавме и баравме со заеднички сили, значи самата ИВЗ и надлежните државни органи да бидеме контакти, единствени во тоа и да го стопираме таквото инволвирање во Македонија. За жал, кај надлежните државни органи веројатно имаше сознанија, но некако, со оглед дека јас бев транспарентен и многу гласен, тие некако го запоставија тоа и таквото движење се појави во Македонија. Единствена која се бореше против тоа, со сета одговорност кажувам пред јавноста, беше Исламската верска заедница, вели Поглаварот на ИВЗ, во интервјуто.

Реџепи вели дека можеби не се реални неофицијалните бројки дека повеќе од 130 лица од Македонија учествуваат во воениот конфликт во Сирија, но сепак потенцира дека е потребно да се превенираат тие појави.

-Јас не верувам дека има толку, со оглед дека точната бројка никој не ја знае, само се манипулира. Доколку државните органи надлежни за такви работи точно знаат колку луѓе се заминати, јас не знам што е преземено од нивна страна да ги спречиме и зошто ние како влијателна Исламската верска заедница по однос на исламот и муслиманите во Македонија, зошто ние да не бидеме известени, а верувајте дека ние ќе дејствувавме превентивно и нашиот глас ќе се послушаше, вели Реџепи за РСЕ.

Погледенте го целосното интервју.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *