Почетна Вести Христијанство Директорот на Комисијата за верски заедници на средба со деканот на Богословскиот факултет
Директорот на Комисијата за верски заедници на средба со деканот на Богословскиот факултет

Директорот на Комисијата за верски заедници на средба со деканот на Богословскиот факултет

168
0

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи,  Даријан Сотировски и Деканот на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ Ѓоко Ѓорѓевски, разговарале за отворените прашања со кои се соочува факултетот, како и за прашања од взаемен интерес, кои се во насаока на продлабочувањето на соработката.

Директорот Сотировски, ги истакнал своите ставови во однос на интеграцијата на верските образовни институции во редовниот образовен систем во државата.

-Младите богослови, теолози се столбот на кој можеме да го потпреме нашиот духовен и културен развој во декадите кои што доаѓаат, тие млади луѓе заслужуваат многу подобар третман од државата, и бидете сигурни ќе го добијат, посочил Сотировски, стои во соопштението од КОВЗРГ.

Деканот Ѓорѓевски зборувајчи за актуелните отворени прашања со кои се соочува факултетот, го поздравил именувањето на новиот директор, а притоа ја потврдил својата отворена поддршка и соработка по сите заложби во интерес на граѓаните.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *