Почетна Вести Христијанство За владиката Петар „најсвети“ се само парите
За владиката Петар „најсвети“ се само парите

За владиката Петар „најсвети“ се само парите

4.06K
4

Кратко траеше „љубовта“ на владиката Петар кон владиката Јован. Религија.мк дознава дека изминатиов период владее нов конфликт меѓу Митрополитот Преспанско-пелагонсики Петар и Митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован. Причината како и по обичај се желбите на Петар и неговите поимања како треба да функционира црквата.

Информациите на Религија.мк, велат дека веќе извесен период Петар инсистирал Јован да му го препише имотот од Нижеполе, каде беше седиштето на ПОА, додека Јован беше нејзин Архиепископ. Манастирот во Нижеполе, кое влагува во епархијата на Петар, практично е граден на личен имот на Јован, но Петар смета дека тој имот сега треба да биде имот на неговата епархија. Дрскоста на владиката Петар оди дотаму што додека Јован не му го отстапи овој имот, тој не дозволува Крушвеско-демирхисарската епархија да има владение врз манасторот во Слепче, кој сега влегува во оваа митрополија.

Но, според инфирмациите на религија.мк, ова не е единствениот проблем кој изминатиов период ги залади односите меѓу двајцата владици.

Непосреднио пред Јован да го преземе управувањето со црквите во Крушево и Демир Хисар, по налог на владиката Петар, биле испразнети сметките од црквите на кои имало средства во висина од над 200.000 евра, пари добиени како денационализација. Нормално владиката Петар сметал дека тоа треба да бидат пари на Преспанско-пелагонсиската епархија, а не на Крушевско-Демирхисарската иако црквите се во таа епархија.

Парадоксот да биде поголем, епархијата на Јован, но оние на Марко во Делчево и на Јоаким во Дељадровце функционираат без никаков правен статус. Ниту една од нив не е регистрирана во правниот систем во државата, немаат ниту сметки, ниту пак начин како да функционираат во правно-финансискиот систем. МПЦ-ОА не врши нивна регистрација, па според тоа не постои можност за нивнно правно функционирање.

Сепак и покрај тоа што сите три епархии се соочуваат со овој вид на опстрикции, владиката Петар бил доста нервозен поради тоа што Јован веќе преземал сериозни чекори за организиација и воздигнување на црковниот живот во Крушево и во Демир Хисар.

Коментар(4)

  1. Nikoj do sega mu ja nema osporena svetosta na parite na ovoj lažen vladika Petar. Toj ima smisla za manipularanje so parite, bez ogled na toa dali se marki, dolari ili evra. Vo negovata torba za se najde mesto.

  2. Невозможно е новоформирните епархии да егзистираат без правен статус или без нивните материјални средства (оние доделени со еден исклучително црквољубив гест на Владата на Никола Груевски), остварени како надоместок за некогашната комунистичка експропријација, односно неблагородно е нивните пари да се одлеваат во друга епархија. Но, од друга страна, во Црквата по дефиниција не постои нешто како приватен имот, а е храм или манастир. Се разбира, со малку љубов и со повеќе досетливост нештата може да се уредат похармонично и поприродно, за спокој и задоволство на сите. Да не заборавиме дека Слепченскиот Манастир е возобновен од Неговото Високопреподобие, Архимандритот Серафим. Светата Обител којашто ревносно и плодоносно со децении се подвизува во тој Свет Манастир природно е да биде заштитена од какви било неблаготворни влијанија на промени на јурисдикции, истото важи и за Нижеполскиот Манастир, ако во него се подвизуваат монаси коишто биле под раководство на Владиката Јован). Со други зборови, најскапоценото богатство на една Епархија (на Црквата воопшто) се Нејзините подвижници, меѓу монаштвото, свештенството и верниот народ. Промените што се носат на епископски рамништа мора да бидат што поблаги и што поплодни: минатото треба да биде една добра и општа поука дека во тие промени не се најважни каноните и наследствата, туку срцата на луѓето. Монасите во Македонската Православна Црква, иако млади и во првата ревност, во 1990-те години најдоа празни, напуштени и материјално нефункционални манастири, но нивната меѓусебна љубов во Христа, како суштинско сведоштво на љубовта кон Господ, нивното безусловно послушание кон нивните неколкумина Старци (кои имаа доволно благодатна мудрост да ги воспостават условите за плодороден духовен живот, кои се најважни) безрезервното срдечно прегрнување на секој боготрагател и неуморно приведување на сите богољубиви намерници по тесниот пат до Небесното Царство на Триедниот Бог, со невидена сила го воскреснаа Христовото сведоштво ширум земјата. Значи, вистински опитните подвижници (па нека се и епископи) знаат дека духовните подвизи ги раѓаат сите плодови: таму каде што има автентичен христијански подвиг и материјалните блага доспеваат во потребната мера. Ако не сакаме да зборуваме за двата концепти на подвижништво (византискиот, во кој материјалните блага имаат значајна улога во христијанската мисија, и оној на Св. Нил Сорски, кој заедно со своите духовни чеда сведочи и смета дека подвижникот ги дава најдобрите плодови кога е слободен од материјални добра), тогаш да се присетиме на Св. Јован Кронштадски, сиромашниот свештеник испратен во најсиромашната парохија на една митрополија, кој подвигот го почна со лулање расплакани бебиња и утешување претепани жени, и со најголемата можна снисходечка љубов ги обраќаше кон Бога нивните очајни мажи алкохоличари, за подоцна како познат чудотворец да доспее до распоредник на огромни материјални блага меѓу толпите народ кој го следеше барајќи помош во милост и молитва. Никој никогаш не бил лишен од можноста да се подвизува од своето место, нема ни да биде. Но, сечии очи треба да бидат насочени кон милост од висините, при ненадевање на земните блага.

  3. Супер … соберете докази, документи, направете увид, земете сведоци, видете кој се жали, кој покренува постапка, проверете ја целосно ситуацијата на теренот, почнете постапка и пред синодот, во централниот регистер, земете добри адвокати, тужете, судете, протестирајте …

    Ама, барајќи гуштер … да не фатите змија, па да не ве касни …

  4. Na krajot od kraištata Jovan, kako duhovno čedo na Petar, a i rodnina, nema mnogu da mu se naljuti na svojot duhoven otec, a i da mu se naljuti, nabrzo će najdat zajednički jazik na razbira je, oti na ista frekfencija se koga se pari vo prašanje.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *