184
0
Руската православна црква го поздрави изборот на Доналд Трамп за нов американски претседател. Шефот на руската црковна дипломатија, Иларион Алфеев очекува дека победата на Транп ќе има позитивно влијание во меѓународните односи и актуелните ситуации.
-Времето ќе покаже каков ќе биде новиот претседател, ако ветувањата дадени за време на изборната кампања ќе се почитуваа, тоа ветува позитивно влијание врз меѓународните ситуации. Американскиот народ гласаше за промени, изјавил Митрополитот Иларион.
Овој официјален став на Руската црква доаѓа по честитката на Рускиот претседател Владимир Путин, кој беше меѓу првите држави кои на Трамп му ја честиташе победата.