
Вселенскиот патријарх додели титули на македонски клирици и најави Томос за Охридската Архиепископија
Двајца монаси од Бигорскиот манастир, како и свештеници од Скопската епархија, Струмичката епархија и Дебарско-кичевскат епархија добија унапредување и титули од Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Настанот се случи во Вселенската патријаршија за време на Богослужбата за Цветници. Овој историски чин е во меѓусебна коориднација на МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија и со благослов на Архиепископот Стефан и на надлежните Митрополити Тимотеј и Наум.
Јеромонасите Кирил и Анатолиј од Бигорски беа ракопроизведени во највисоката титула во Црквата за монашкиот род – Архимандрити на Вселенскиот Патријаршиски Престол.
Во највисоко достоинство за свештеници, Протопрезвитери (протојереи-ставрофори) на Вселенскиот Патријаршиски Престол, беа ракопроизведени и отец Бобан Митевски од Скопската епархија, отец Александар Димовски од Дебарско-кичевската епархија и отец Симеон Кантурски од Струмичката епархија, додека со истото достоинство беа почестени и веќе ракопроизведените протојереи: Никола Христоски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и отец Димче Ѓорѓиевски и отец Кирил Јовановски од Дебарско-кичевста епархија.
Одлуката на Вселенската Патријаршија е поноважна и титулите важат за целата православна екумена.
Овој потег на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј е уште еден во низата чекори до конечно издавање Томос за автокефалност, по одлуката од 9 мај 2022 година за враќање во канонско единство и по историското сослужување со Архиепископот Стефан во Фанар.
Унапредувањето и доделувањето почесни титули е чин што го пратикува Вселенската патријаршија, но тоа не значи дека овие монаси и свештеници се дел од власта на Патријаршијата, туку напротив тие остануваат клирици на МПЦ-ОА како и досега. Оваа чест е мошне значајна и ретка, а на овие простори последно им била доделена на некои отци, преродбеници од 19. век, како, на пример, на бигорскиот монах, Архимандрит Анатолиј Зографски.
Ваква почесна титула Вселенската Патријаршија има издадено и на други клирици од други православни цркви. Еден од нив е еминентниот теолог од Романската Православна Црква, професорот на Букурешкиот телошки факултет, Константин Коман, кој титулата Протопрезвитер на Вселенскиот престол ја носи од 1998 година, а е клирик на Романската Православна Црква.
Она што сепак е најважно од овој настан е што Вселенскиот Патријарх Вартоломеј практично го официјализира името Охридска Архиепскопија, а со тоа и историското наследство како име под кое МПЦ-ОА ќе биде заведена во диптихот на правпславните цркви и ќе биде издаден Томос за автокефалност. Во текстот што официјално за настанот го објави Вселенската Патријаршија стои името Охридска Архиепископија, а не Православна Црква на Северна Македонија, како што се обидуваат дел православни цркви да го наметнат како идно име на МПЦ-ОА за меѓунардона комуникација.
Дополнително Патријархот Вартоломеј во бесдата за настанот зборува оптимистички дека и покрај сите притисоци за официјално признавање на МПЦ-ОА, како Охридска Архиепископија тоа наскоро ќе се случи. Разговорите се во тек, Вели Вартоломеј и посочува дека најважното е што Охрисаката Архиепископија е во канонско единство со одлука на Вселенската патријаршија, а останатото се протоколарни детали.
Еве дел од обраќањето на Вселенскиот Патријарх:
„Денеска во нашето село, во нашево место, во Имврос, имаме одбрани посетители, браќа од странство, од Охридската Архиепископија, од Република Северна Македонија. Дојдоа, за да ја принесат својата почит кон Светата Велика Христова Црква, во лицето на Вселенскиот Патријарх; Црква, која како вистинска Мајка, го прегрна и тој народ и таа Црква, која речиси седумдесет години беше отсечена од телото на останатото Православие, без општење со другите православни Цркви. И дојде повторно Вселенската Патријаршија, како што направи и во којзнае колку соодветни случаи низ историјата, за да го востанови општењето со овие наши браќа и сестри, Христијаните од Северна Македонија, да ги воведе во заедништво со останатиот православен свет. Тоа се случи минатата година, на 9 мај 2022 година. Потоа, по Вселенската Патријаршија, и други Цркви започнаа да ја признаваат нивната каноничност, да ги примаат во општење со нив. И сега, се наоѓаме во стадиум на подготовка на доделувањето и на оваа Црква, под одредени услови, на статусот на автокефалија. Се наоѓаме на добар пат, разговорите продолжуваат. Најглавното беше тоа што возмогнавме и служувавме заедно и се пречисетивме од истиот свет Путир. И тоа се случи минатата година, на големиот празник на Педесетницата, кога Архиепископот Охридски г. Стефан, многувозљубениот брат, дојде од Скопје во Вселенската Патријаршија и служевме заедно и се причестивме заедно и заедно го дадовме својот благослов на народот Божји. Тоа беше еден велик и историски ден. Сега, останатите работи се второстепени, подробности. Повторувам: најглавното е тоа што застанавме околу светата Трпеза на Сечесниот Патријаршиски Храм и се причестивме со пречистите Тајни, објавувајќи го на тој начин единството на верата во врската на љубовта, потенцира Вартоломеј.
-Денеска го имаме со нас Преосвештениот Епископ г. Јаков, викарен епископ на Митрополитот г. Наум – еден друг возљубен брат, кој монахуваше на Света Гора и ги восприми соковите на светогорското предание и ги пренесе во својата татковина, Северна Македонија. Заедно со братот Јаков, тука се и архимандритите и протопрезвитерите коишто денска беа почестени од Мајката – Великата Христова Црква и ќе се вратат во својата земја како крстоносители, духовни херои, многусакани чеда на Великата Христова Црква и ќе ја пренесат таму пораката на нежноста и на љубовта со која Вселенската Патријаршија ги прегнува и тие тамошни браќа и сестри, и покрај разните искривувања што, за жал, се слушаат од други сестрински Цркви, коишто не го почитуваат канонскиот поредок, не го почитуваат православното Предание и се обидуваат да воведат штетни новотарии во православната еклисиологија и во православното канонско право. Но, жив е Бог Господ, потенцирал Вселенскиот Патријарх.
Достојни! Достојни! Достојни! Навистина голема чест. Честитки.
“Цариградскиот Патријарх од две расколнички групи, со своето самоволие и грубо кршење на црковните канони, за митрополит на Киев прогласил човек кој не ја достигнал ни титулата епископ.
Тогаш Цариградскиот патријарх ги оправда своите постапки тврдејќи дека е прв во православието, дека е primus sine paribus и дека тој може да се меша во работите на другите помесни цркви по своја дискреција.
А кога Ердоган ја претвори Света Софија во џамија, беше единствениот кој молчеше, докажувајќи дека нема авторитет ни во Цариград, а камо ли пошироко. ”
Сергеј Худиев