Самопрогласениот поглавар на автокефалната православна црква на Косово, Никола Џуфка првале богојавленски водозвет во Призрен. На Фејсбук објави видео, од како што вели историскиот настан, тврдејќи дека после еден век се врши оваа верска церемонија во Призрен.
На видеото се гледаат пет луге, заедно со него на мостот на реката Бистрица (Лумбард). Џуфка со јаже го спушта светиот крст во реката и потоа го вади, нема верници кои учествуваат во настанот.
-Денеска одбележавме историски ден за Автокефалната православна црква Косово и за албанските православни верници. За првпат во модерната историја, по речиси еден век, јавно беше изведен ритуалот на осветување на Благословената вода во реката Лумбард во Призрен. Во оваа свечена церемонија, Архиепископот косовски го фрли Крстот во вода, благословувајќи ја реката, градот и сите верници. Со овој ритуал, не само што обновивме верска традиција, туку го потврдивме историскиот, духовниот и националниот континуитет на албанското православие, напиша Џуфка, како коментар на видеото.

