Почетна Вести Христијанство Владиката Пимен служеше на устоличување на новиот шабачки епископ – СПЦ заборави да посочи од која црква доаѓа
sabacki
Pimen sabac
Pimen sabac 2
Pimen sabac 3
Pimen sabac 4
Pimen sabac 6

Владиката Пимен служеше на устоличување на новиот шабачки епископ – СПЦ заборави да посочи од која црква доаѓа

755
0

Европскиот митрополит на МПЦ-ОА, г. Пимен учествуваше во литургијата на устолицување на новиот Шабачки Епископ на СПЦ, г. Јеротиј, заедно со владици на СПЦ и на Украинската православна Црква – Московска Патријаршија. На устоличувањето молитвено присуствувале и поглаварот на СПЦ, Патријархот Порфириј и Архиепископот на ПОА, Јован.

Во соопштението на СПЦ за литургијата сепак не е посочено од која црква е Европскиот митрополит г. Пимен, како што на примен е посочено дека Владиката Лука е митрополит Запорошки од Украинската Правослчавна црква – Московска патријаршија.

-Сослужува високопреосветените господа митрополити запорошкимод Украинската Православна црква Московска Патријаршија г. Лука, европскиот Пимен, преосветените господа епископи Шумадијски Јован, зворничко-тузлански Фотиј, Ваљевски Исихија и Брегалничкиот Марко…., пишува во соопштението на СПЦ. И кај брегалничкиот Марко не е посочено од која црква е.

Устоличувањео се случи денеска во Соборната црква Светите Апостоли Петар и Павле во Шабац.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *