Викарниот епископ на Вартоломеј доаѓа во Бигорски – ќе сослужува на манастирската славата заедно со митрополитот Георги и епископот Партениј

Date:

Share post:

По подолг период, епископ од Вселенската патријаршија ќе сослужува со МПЦ-ОА. Станува збор за викарниот епископ на Вселенскиот патријарх, кој ќе биде гостин на Бигорски за манастирската слава. Епископот Ексамилиски Епифаниј, молитвено ќе претстои на сеноќното бдение во Бигорскиот манастир, на 6 јули.

Според програмата што ја објави Бигорскиот манастир, на празничното бдение ќе сослужуваат и монаси и свештенослужители од Света Гора, Грција и Романија, како и византиски хор од Романија.

Следниот ден, на 7 јули, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе претстои митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј. Ова ќе биде и негова прва средба со архиереј кој доаѓа како претставник на Вселенската патријаршија, откако тој беше избран за надлежен архиереј на Дебарско-кичевската епархија.

Посетата на епископот Епифаниј доаѓа само една седмица по посетата на митрополитот Имвроски и Тенедоски Кирил на Струмица, каде што учествуваше молитвено присуствуваше на литургијата во Струмица.

И двете посети, неофицијално се толкуваат како продолжување на контактите меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Вселенската патријаршија по воспоставувањето на евхаристиското единство во 2022 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img