Во НУ Македонски народен театар во петокот вечерта се одржа премиерата на документарниот филм „1000 години-Сведок на светлината“, во режија на Илија Ико Каров, посветен на Бигорскиот манастир, по повод големиот јубилеј на манастирот, кој го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите.
На премиерата, покрај монашката заедница од Бигорски манастир, предводена од отец Партениј, присуствуваше поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија г.г Стефан, претседателот Стево Пендаровски, министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за финансии Фатмир Бесими, за економија Фатмир Бесими, за одбрана Славјанка Петровска, и за правда Никола Тупанчевски, како и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
„Премиера на документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ посветен на еден од најубавите и најзначајните македонски манастири Св. Јован Бигорски. Гордоста на македонскиот народ и македонската Црква, симболот на непокор, кој одбележа 1000 години од своето постоење“, напиша претседателот Пендаровски на својата Фејсбук страница.