Почетна Вести Ватикан организираше погреб на бездомник
Ватикан организираше погреб на бездомник

Ватикан организираше погреб на бездомник

36
0

Ватикан и Папата Франциск организираа погреб за еден бездомник кој починал во Рим. Станува збор за Полјак, кој починал на улиците на Рим пред три недели на свои 57 години. Погребното опело го извршил Федерико Ломбарди, шеф на ватиканскиот прес центар.

На ватиканските власти им требале три неделни да ги завршат административните процедури и од римската администрација да го подигнат телото и да го погребаат со црковно достоинство.

По погребот, за сите пријатели-бездомници на починатиот, бил организиран ручек од Папата Франциск во близина на Ватикан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *