Почетна Вести Христијанство Ватикан бара да се догради споменикот на Мајка Тереза на плоштадот
Ватикан бара да се догради споменикот на Мајка Тереза на плоштадот

Ватикан бара да се догради споменикот на Мајка Тереза на плоштадот

108
0

Ватикан бара споменикот на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија во Скопје да се доизгради, а спомен куќата на улица Македонија да биде управувана од Католичката црква. Ова било побарано од претседателот Стево Пендаровски при посетата на Ватикан на 24 Мај, на одбележувањето на Свети Кирил и Методиј.

Од кабинетот на Претседателот за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека на средбата со државниот секретар на Ватикан Пјетро Пароли биле отворени одредени прашања поврзани со статусот и правата на верниците од католичка вероисповед од земјава, не прецизирајќи што конкретно било побарано.

„По враќањето во земјата претседателот барања на Светата Столица ги пренесе на надлежните институции во државата за натамошно постапување“, велат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Пендаровски за барањата од Ватикан го известил Министерството за надворешни работи од каде што деновиве испратено е писмо до Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар.

„При посетата на претседателот Стево Пендаровски на Светата Столица во рамките на одбележувањето на 24 Мај, од ватиканска страна беа покренати прашања за статусот на меморијалниот споменик на Мајка Тереза во Скопје, како и изградба на светилиште во нејзин спомен. Светата Столица бара меморијалната спомен куќа да биде управувана од Католичката црква (одржување на миси и католички верски обреди) и да се заврши проектот за изградба на светилиште во родниот град“, стои во писмото на МНР.

Од Министерството за култура под чија надлежност е споменикот ги потврдуваат ваквите барања од Ватикан и велат дека предметот е во процес на разгледување и консултации. Од Град Скопје и Општина Центар рекле дека немаат добиено писмо со барањата од Ватикан.

За споменикот на Мајка Тереза беше констатирано дека прекршува низа закони и ја загрозува безбедноста бидејќи се наоѓа на улица и го блокира влезот на Плоштадот. Кога почна да се гради беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Откако Рој отиде во затвор во Индија оти не платил оштета на измамени инвеститори, Владата на Груевски преку Министерството за култура го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври 2015, а вредноста на договорот за негова изградба е 5,5, милиони евра.

/СДК.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *