Почетна Вести Христијанство Царовска на средба со професорите по Етика на религии во Бигорски
Царовска на средба со професорите по Етика на религии во Бигорски

Царовска на средба со професорите по Етика на религии во Бигорски

376
0

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, со претставници на министерството била во посета на Бигорскиот манастир, каде имала средба и со претставници од Асоцијацијата на професори по етика во религии. Една од темите на разговор била иднината на предметот Етика во религиите во новиот концепт за основното образование.

-На средбата присуствуваа деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски – Скопје“, г. Ѓоко Ѓорѓевски, проф. д-р Анета Јовковска, проф. Ружа Стојковиќ и монахињата Ефимија Зајковска, со кои дискутираше околу опстојувањето на овој наставен предмет во основното образование, како и статусот на професорите кои веќе 11 години го предаваат овој предмет низ училиштата во нашата земја. Притоа, со взаемна согласност и нескриена радост беше утврдено дека овој предмет не само што ќе опстане во македонското образование, туку согласно реформите, учениците ќе имаат можност да го избираат во едно полугодие и тоа речиси во сите одделенија (IV – IX), а не како досега само во VI одделение. Професорите, пак, кои го предаваат овој предмет, ќе стекнат право на трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, под услови утврдени со новиот закон за наставници. Изразуваме благодарност до Министерката за образование и наука, г-ѓа Мила Царовска за покажаната добра волја и подготвеност за дијалог и соработка, велат од Бигорски.

Царовска имала средба и со Игуменот на Бигорската обител, Епископот Антанииски, г. Партениј, на која разговарале за долгогодишната социјална мисија, која под негово духовно раководство ја водат монашките Обители.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *