Почетна Коментар Единство во Бога – II дел
Единство во Бога – II дел

Единство во Бога – II дел

152
0

Дојдете да го прославиме Божеството во Три Ипостаси, Отецот во Синот со Светиот Дух“, пееме на службата на Педесетница, „бидејќи Отецот пред сите времиња Го роди Словото кое владее вечно со Него, и Светиот Дух е во Отецот, прославен од Синот – едно дејствување, една суштина, едно Божество. Ова Божество го почитуваме кога велиме:

Свети Боже Кој си создал сѐ преку Синот во содејство со Духот, Свети силни преку Кого Го познавме Отецот и преку Кого Светиот Дух дојде во светот; Свети Бесмртни, Духу кој произлегуваш од Отецот и пребиваш во Синот – Троице Света слава ти!

Значи Бог е реципроцитет на љубовта, љубовта на Тројцата насочена еден кон друг, секој пребивајќи потполно во другите двајца, преку неподвижното движење на љубовта наречено перихоресис или кружење. Можно е да се каже дека Бог не е само личносен, туку и интерперсонален. Он не е само единство, туку единство во татковската совршена заедница. Во Него има три „Јас – Ти“ релации. Како што истакнува митрополитот Јован Зизјулас, „Божјото битие е односно битие“. Очигледно е дека во своите напори да ја опишат Троичноста на Бога, кападокиските отци од IV век, особено свети Василиј Велики, го користеле зборот кинонија, што значи заедница.

Да се каже дека Бог е Троица, е исто како да се каже дека Он е љубов, дека во Него има живот кој се излева на светот како целина. Духот е скриениот, внатрешниот, невидлив Бог, Kој речиси се идентификува себе си со нашето најинтимно постоење, давајќи ни ја нашата животна енергија и способноста да одговориме на Божествениот повик. Он нѐ води кон Христа, ни го открива и ни дозволува да кажеме дека Христос е Господ. Ако Духот е нашето дишење, Христос е нашиот брат, нашиот таинствен придружник и полнотата на преобразеното човештво. Во Него, сиот човечки потенцијал е расцветан под блескавите зраци на Отецот и според тоа и во нас, бидејќи ние станавме браќа Христови по посиновение и сме затоа неделливи делови на Неговото тело – иста природа со Него, вели светиот Апостол Павле. Во Него, во Неговиот лик, како што застануваме пред Него, малку по малку стануваме она што сме: личности во заедница. Да се биде според ликот Божји е да се биде според ликот Христов. Во Духот можеме во секое човечко суштество да го видиме ликот Божји, да видиме личност која заслужува безусловна почит. И тој нѐ води кон Отецот, нѐ прави чеда по посиновение во вечниот Син. Стоејќи пред тајната на Отецот, која е истовремено несогледлива длабочина и совршена нежност, апсолутна моќ а истовремено и апсолутна ранливост во љубовта, можеме само да стоиме во молк и да се молиме без зборови. Секако, Светото Писмо ни вели дека Отецот ја има и димензијата на мајчинска милост, но татковскиот симболизам мора во краен случај да биде запазен, без да се занемари мајчинскиот, бидејќи нашиот однос со Бога се состои не во слевање, туку во соединување.

(Продолжува…)

Пишува: Г.г Вартоломеј – Вселенски Патријарх

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *