Почетна Вести Регион Вартоломеј отслужи опело, Епифаниј и рсукиот митрополит не учествуваа – владиците на МПЦ-ОА му сослужуваа на Вартоломеј
Вартоломеј отслужи опело, Епифаниј и рсукиот митрополит не учествуваа – владиците на МПЦ-ОА му сослужуваа на Вартоломеј

Вартоломеј отслужи опело, Епифаниј и рсукиот митрополит не учествуваа – владиците на МПЦ-ОА му сослужуваа на Вартоломеј

183
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, заедно со претставниците на другите помесни православни цркви го отслужи опелот за починатиот бугарски патријарх Неофит.

Во опелото учествуваа и владиците на МПЦ-ОА, Тимотеј, Петар и Иларион.

Сепак, иако присутни во опелото не учествуваа третсавниците на руската црква, како и поглаварот на Православната црква на Украина, Епифаниј. Тие останаа да присуствуваат само молитвено.

Десно од Вартоломеј сепак стоеше Епифаниј, а до него владиците на МПЦ-ОА, Иларион и Тимотеј. Петар одлучи да остана на другата страна, кај што е делегацијата на СПЦ.

Неучеството на руската црковна делегација во опелото беше очекувана, како и неучеството на Епифаниј, но сепак денешниот настан има историски момент, а тоа е прв пат на едно место да бидат Вселенската, Руската и Украинската црква, од издавањето Томос на Вартоломеј за автокефалност во Украина.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *