Почетна Вести Ислам Тетовско муфтиство: Насилен обид да се влезе во Муфтиството на Тетово
Тетовско муфтиство: Насилен обид да се влезе во Муфтиството на Тетово

Тетовско муфтиство: Насилен обид да се влезе во Муфтиството на Тетово

165
0

Тетовското муфтиство, кое се уште го управува разрешениот Муфтија Ќани Несими, обвини дека на 31.01.2024, во средата, рано наутро имало обид за насилен влеза во зградата на Муфтиството.

На фејзбук страницита на тетовското муфтиство се објавени и вида од видео надзорот на кои се гледаат лицата кои се дел од овој настан.

Тетовското муфтиство ги објави во список со имиња лицата за кои тврди дека сакале насилно да влезат во зградата и побара да бидат повикани на одговорност од надлежните..

-Го прашуваме Реисот: Сите овие, по чија наредба се дојдени и која е нивната цел? Зошто дојдоа толку рано во Муфтиството, во 6:10 часот? Бараме од органите на прогонот да преземат мерки. Вработените во нашето Муфтиство чуварите и обезбедувањето загрижени и заканувани за своите животи. Административните работници на Муфтиството на чело со Муфтијата, биле длабоко загрижени кога ја добија веста од вработените. Кога пристигнале пред Муфиството, биле навредени од настанатата ситуација од самите насилници, и од понижувачките зборови на Таџудин Хамиди. Следниве видеа го објаснуваат сето ова ова уште подобро!, стои во ракцијата на Тетовското мутиство.

Фејсбук реакција на Тетовското муфтиство.

(Од состанокот на Муфтиството одржан на 02.02.2024-петок)

1- Бесир Хамиди, (братучет на Реисот), имам во пензија, но, со согласност на Советот на Џамијата во с. Милетино, кој што продолжува да биде имам, и кога треба да биде на работното место во џамија, во 6 часот и 10 минути наутро, се обидува насилно да влезе во Тетовското Муфтиство,

2 – Мухамет Берзати, имам во Новата Џамијата Дреновец, во времето кога требаше да ја извршува неговата должност, да го води џемаатот во утринската молитва, тој е пред Муфтиството како насилник,

3- ВД, Селвер Џемаили незаконски и противуставен, (со неуставна одлука донесена од Реис Улема хфз. Шаќир Фетаи, кој исто така со решение на Муфтиството бр. 266-23, 09.11.2023 година и решение на Меџлисот на Џамиите бр.268-23, 09.11.2023 година, е прогласен за незаконски и противуставен), насилен и арогантен, придружуван од повеќе лица, во 06:10 часот наутро, се обидува насилно да влезе во Тетовското Муфтиство,

4 – Идрис Идризи, (соработник на Реисот), поранешен референт на веронаука во Муфтиството на Тетово, сега веќе пензиониран, во 6 часот и 10 минути наутро, се обидува насилно да влезе во Тетовското Муфтиство,

5 – Беќир Мемети, референт за веронаука во Тетовското Муфтиство, го изневерува и се обидува насилно да влезе во Тетовското Муфтиство, во 6:10 часот наутро.

6 – Таџудин Хамиди, (братучет на Реисот), референт за вакуф во Тетовското Муфтиство, го изневерува и се обидува насилно да влезе во Тетовското Муфтиство, во 6:10 часот наутро.

7 – Како и некои непознати лица, прекршители, кои се обидуваа насилно да влезат во Тетовското Муфтиство, стои во објавата на ИВЗ-Муфтиство Тетово.

Исламската верска заедница засега нема коментар за овој настан. Пред неколку дена таа соопшти дека 8 Ноември 2023 година, Ќани Несими е разрешен од функцијата муфтија на Тетовското муфтиство со едногласна одлука на Ријасетот и дека од тој момент тој нема право да ги користи печатите на муфтиството, ниту да се појавува во јавноста како муфтија. Истовемено ИВЗ тврди дека во Управниот суд сите приговори му се одбиени и со тоа тој и законски не е муфтија на муфтиството Тетово

– Неговото име како муфтија е избришано и од Централниот регистар и на негово место стои вршителот на должноста назначен од страна на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, Др. Селвер Џемаили. Разрешувањето на Ќани Несими е извршено поради неговото деструктивно делување, а и поради следните причини: од моментот кога тој ги загуби изборите на 18 ноември 2020 година со 18 со 3, не успеа да го надмине поразот и веднаш почна да се дистанцира од највисоките органи на ИВЗ; потоа непријавувањето и некоординираноста со највисоките органи за прашања од областа на денационализацијата на имоти, резултираше со губење на неколку објекти во Арабати Теќе и 12.000 метри квадратни како и “фонтаната“ кои во катастарот веќе се запишани на име на Тетекс, јавното навредување на највисоките органи со најпогрдни зборови и тешките неаргументирани клевети го кршат Уставот на ИВЗ и неговите Нормативи; два пати се обиде да го дестабилизира ИВЗ, а тоа исто така претставува тежок чин против поредокот на ИВЗ и нејзините органи; обидот за продажба на старите бараки кои се имот на ИВЗ исто така претставува обид за злоупотреба на материјалните средства на муфтиството; злоупотребата на документацијата со фалсификување на документи претставува класична злоупотреба на должноста како муфтија; затоа, после сето ова, апелираме до верниците, верските службеници, џамиите да не наседнат на измамите и провокациите на поранешниот муфтија и дека не понесуваме одговорност за материјалните штети и за другите проблеми што може да настанат. Канцелариите на муфтиството се узурпирани од непознати лица кои не се вработени во муфтиството Тетово. Бараме од надлежните институции да ја решат настанатата ситуација согласно нормативните акти, стои во мсоопштението на ИВЗ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *