Почетна Анализа Субверзивна војна на српските црковни структури
Субверзивна војна на српските црковни структури

Субверзивна војна на српските црковни структури

613
0

Српскиот патријарх го обелодени својот црковно-хегемонистички сон кон Македонија

Со секоја нова изјава на српскиот патријарх Порфириј станува сѐ појасно дека Српската православна црква нема да има никакви промени во поглед на црковното прашање во Македонија. И тоа не само што не станува збор за признавање на автокефалноста МПЦ од страна на СПЦ туку се оди уште понатаму, кон релативизирање на државните граници на Македонија и вербално негирање на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, утврдени со Уставот и меѓународното право и верификувани во меѓународните институции. Ваквата атака од страна на високи црквени великодостојници од СПЦ, го прави уште посериозен и подлабок постојниот проблем меѓу двете цркви, МПЦ и СПЦ, но наедно дава и многу поширок граѓански и проблемски правно-политички дискурс.

За српскиот патријарх не значи ништо тоа што Македонија е независна држава

Последната изјава на Порфириј јасно укажува на тоа дека за СПЦ ништо не значи тоа што Македонија е независна држава во поглед на нејзината црковна власт на овие простори. Тезата дека црковните граници не се исти со државните и дека тие се вечни, за разлика од државата, е јасна порака дека СПЦ никогаш нема да се согласи со автокефална црква во Македонија.

Верските аналитичари, пак, потенцираат дека овој став на патријархот Порфириј е парадоксален, зашто токму поради промената на државните граници на Балканот, во 1922 година, Вселенската патријаршија го издава томосот и епархиите од Македонија ѝ ги отстапува на СПЦ. Патријархот на Српската православна црква, Порфириј, рече дека не можеме да ја идентификуваме црквата со каква било политичка или државна граница.

– Нема граници во црквата, границите на црквата не можат да се менуваат секогаш кога се менуваат границите на државите. Државите стануваат помали или поголеми, но Христос и црквата ја надминуваат секоја граница и не постојат структура и сила на овој свет што можат да ја променат структурата на црквата – рече српскиот патријарх Порфириј.

Тој, повикувајќи се на „единството на православието“, се обидува низ нему карактеристичен српско-црковен доминантен ракурс да го релативизира постоењето на засебните народи и нивните држави.

– Во црквата Христова, сепак, не само што нема Срби и Црногорци, нема Грци или Евреи, нема Албанци и Хрвати, нема апсолутизации на биолошките контексти на нивното постоење. Само оној што се облагородува со тоа што Христос се преобразува во својот народ, прво се запознава себеси, може да се отвори пред друг, да го прифати другиот таков каков што е, а оној што не знае кој е, кој не се познава себеси, едноставно не може да сретне никого, ниту да сака некого – рече Порфириј.

СПЦ спроведува регионално хегемонистичка јурисдикција

Бранко Ѓорѓевски, познавач на состојбите во православието, вели дека од беседа до беседа, на виделина излегува профилот на новиот српски патријарх Порфирије и неговите основи на тоа како гледа на односите во православието во регионов и на улогата на Српската православна црква.

– Со изјавата дека „Црквата не можеме да ја идентификуваме со државата, односно, дека црковните граници не може да се менуваат кога и да се променат границите на државите“, тој јасно ја открива својата позиција во однос, како на Црна Гора, односно кон Црногорската православна црква, така и кон Македонија, односно, кон Македонската православна црква. Не треба многу да се заклучи дека патријархот и СПЦ се на позиција дека во Црна Гора и во Македонија не може да има нови, самостојни цркви. Односно, дека тука јурисдикцијата и натаму ќе ја има СПЦ – објаснува Ѓорѓевски.

Според него, СПЦ се раководи со тоа дека државите какви што се Македонија и Црна Гора, можеби нема уште долго да постојат и ќе се распаднат или претопат во Србија.

– За таа цел, постојано ќе се чека на распадот на овие држави, кои притоа ќе бидат на удар на субверзивната војна, во која српските црковни структури ќе ја играат голема улога – посочува аналитичарот.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *