
Пред неколку дена Руската Црква одржа една научна конференција против Вселенскиот Патријарх со наслов: „Светско Православие: Првопрестолноста и соборноста низ призма на православната догма“. На неа учествуваа архиереи од Московската Патријаршија на чело со Патријархот Кирил (Гундјајев), свештеници и теолози од Руската Црква како и подржувачи на Руската Црква од другите Помесни Цркви.
Обраќањата на учесниците сè уште не се објавени, но од досегашните објави во медиумите станува јасно дека сите тие се обидуваат да го оцрнат името на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и на целата Цариградската Патријаршија поради доделувањето на Томосот за Автокефалија на Украинската Православна Црква.
За темата и целта на настанот извести – за време на неговиот говор – претстојателот на Руската Црква, Кирил(Гундјајев). Неговото почетно обраќање беше полно со манипулации, искривување на податоците и редица контроверзни ставови во врска со доделувањето на автокефалијата и за Украинската црковна поделба. Да ги анализираме најпровокативните места од тоа обраќање.
Реалните причини за конференцијата
Подготвувајќи се да дадеме анализа на ставот што го изрази Гундјајев, треба претходно да дадеме одговор на едно важно прашање: Која беше целта на Московската Патријаршија со таа конференција? Како што станува јасно од говорот на Гундјајев, овој настан на некој начин е подготовка за идниот архиерејски собор на Руската Црква кој треба да се одржи сега во Ноември. На оваа одржана конференцијата се подготвуваа неопходните религиозно – правните основи за идните одлуки на Соборот.
Гундјајев во врска со тоа изјави: „Особено би сакал да ја потенцирам важноста на оваа конференција, бидејќи претстојниот Архиерејски Собор на Руската Православна Црква ќе даде една оценка на сегашнава состојба во православниот свет и – ако тоа му е угодно на Светиот Дух и на архиереите што ќе се состанат – ќе донесе одлука во врска со позициите на нашата Црква во однос на постапките на Константинопол“.
Тие намери ги потврди и блискиот соработник на Кирил, раководителот на Одделот за надворешни врски, Митрополитот Иларион (Алфеев). Според неговите зборови, заклучоците од конференцијата ќе се употребат на претходно најавениот собор на епископи на Руската Црква.
Не е тешко да се предвиди дека најавените одлуки ќе бидат употребени против Вселенската Патријаршија, која учесниците на Соборот се обидуваат да ја обвинат за ерес. За насоките на тие одлуки зборуваше Кирил(Гундјајев). Ќе се задржиме на дел од нив и ќе се обидеме да дадеме коментар за нив, користејќи ги новооткриените информации до кои имаме слободен пристап, како и побивањата.
Москва „плаши“ со нова 1054
Прво што се забележува и за кое зборуваа речиси сите што зедоа учество на конференцијата е прашањето за шизмата во светското православие. Така, согласно кажаното од Кирил, денес во Православието поради „политичкото влијание“ се прави обид „да се сее раздор и непријателство помеѓу народите и Црквите“ со цел да се оддели „грчкото Православие, медитеранското Православие од словенското Православие, а пред сè од Руската Православна Црква“. Согласно ставот на Гундјајев, тие обиди имаат за цел „да го обноват моделот на шизмата од 1054 и на тој начин да ја ослабат Православната Црква“.
Патем, Големата Шизма од 1054 е една од омилените споредби што ја користат гласноговорниците од Московската Патријаршија и од нејзиниот огранок во Украина. Ја повторуваат таа споредба како мантра секогаш кога имаат прилика, со цел да ги плашат своите верници, имајќи го предвид нивното незнаење на црковната историја и на црковните Канони.
Треба да се потсетиме дека поделбата на Источна и Западна Црква имаше низа теолошки, канонски и литургиски причини. Денешното прашање нема догматска позадина. Темата за Автокефалија и за нејзиното доделување не содржи некаква особена теолошка обоеност, туку повеќе има административен карактер. Доколку таа навистина влегуваше во категоријата на Црковните догми, ќе беше потполно нормално и објективно денес да нема 15 Помесни Цркви. Всушност денес ќе имавме еден потполно поинаков црковен систем.
Шизмата од 1054 беше резултат на една долга полемика за власта во Црквата помеѓу Рим и Константинопол. Сепак, тогашните недоразбирања не можат да се споредат со денешните. Изјавите на Московската Патријаршија во врска со „папските претензии на Патријархот Вартоломеј“ се неосновани. Тоа го потврдува и неодамнешната изјава на Патријархот Вартоломеј по официјалната средба во Манастирот на Св. Михаил во главниот град на Украина.
Тогаш Патријархот јасно и категорично изјави дека Константинопол никогаш не ги искористил за сопствена полза привилегиите што му се доделени. Да се потсетиме на зборовите на Неговата Сесветост: „Историјата е веродостоен и непогрешлив сведок на вистината и на реалноста. Од самиот почеток Вселенската Патријаршија беше сигурен чувар на доброто на Црквата, која, иако во времето на процвет и бројна надмоќност можеше да воведе и воспостави пирамидален вид на управа во Источната Православна Црква, ја отфрли таа идеја со одвратност и не отстапи од воспоставената еклисиологија, ниту од – осветениот од Соборите – систем на Пентархија“.
Така, станува јасно дека Константинопол под омофорот на Патријархот Вартоломеј ги чува Каноните и историското предание, на коишто и се крепи животот на Православието т.е. соборноста. Секако, тие зборови на Главата на Вселенската Патријаршија не беа слушнати од оние кои му го пишувале говорот на Кирил (Гундјајев).
Москва самата себе се изолира
Друг приговор за „новата голема шизма“ е самата состојба во светското Православие. На крајот на краиштата, досега ниту една од Помесните Цркви, освен Руската Црква, не ја прекина молитвената или која било друга заедница со Константинопол. Дури и Црквите за коишто се претпоставува дека се наклонети кон Москва не преземаа таков екстремен чекор. Да, некои од Црквите сè уште ја немаат признаено Украинската Православна Црква, но ниту една нема влезено во конфликт со Константинопол. И секако вреди да се потсетиме дека до овој момент повеќето Помесни Цркви ја немаат признаено автокефалијата на Американската Црква, којашто ѝ ја додели Синодот на Руската Црква кон средината на минатиот век. Во таа прилика немаше никаква „голема шизма“, а Москва и самата не сака многу да се сеќава на тоа.
Во моментов, единствената Црква која ја има прекинато еднострано заедницата со Константинопол, со Александрија, со Грција и со Кипар е Московската Патријаршија. Сосема очигледно е дека Москва е виновникот за таа наводна „шизма“ која всушност самата ја има предизвикано. Сега Московската Патријаршија се обидува да вмеша други Помесни Цркви во тоа, под маската на божемната борба за чистотата на Православието. Иронично, Москва е таа што ја предизвикува шизмата, а го обвинува Константинопол за тоа. Сепак, таквите тактики не се нови за Даниловскиот манастир.
Потврда за ова е еден друг дел од говорот на Кирил, во кој тој го обвинува Константинопол за прекин на разгледувањето на прашањето за доделување на автокефалија, коешто се очекуваше да се постави на Сеправославниот Собор што се одржа во 2016 на Крит. Според зборовите на Кирил, документот за регулирање на доделувањето на автокефалија бил одобрен од комисиите во подготвителната фаза во Chambézy, но „на барање на Константинополскиот Патријарх, темата за автокефалија беше отстранета од дискусија“. Така му ја префрли на Константинопол вината за неуспешниот обид да се разгледа тоа важно прашање.
Итроштините пред Соборот на Крит
Сепак, ваквите обвинувања се чиста клевета. Впрочем, поглаварот на Московската Патријаршија е лицемерен во врска со споменатото прашање и намерно не дава објаснување што го предизвикало тој став на Константинопол. За да го разјасниме тоа прашање треба да го наведеме интервјуто од 2016 на еден архиереј од Вселенската Патријаршија, епископот Јов (Геци) за информативната интернет страница RISU. Во него тој детално ги образложи причините за отстранувањето на темата за автокефалија од дневниот ред на Соборот.
Според зборовите на епископот Јов таа тема беше отстранета поради ставовите на Московската Патријаршија, која постојано поставуваше нови барања и не сакаше да се согласи на конкретни аспекти во процедурата. Така, на почетокот Московската Патријаршија не беше задоволна со прогласувањето на автокефалијата од страна на Вселенската Патријаршија. „Константинопол не може самостојно да додели автокефалија. Треба да се додаде дека за доделување на автокефалија треба да постои согласност и барање од Црквата чијшто дел сака да добие автокефалија“, инсистираа претставниците на Руската Црква. Епископот наведува дека тогаш „Патријаршијата на Константинопол направи отстапка и се согласи на тоа Константинопол да може да даде автокефалија само во согласност, а притоа и на барање на Црквата, чијшто дел го сака тоа“.
И покрај отстапките, приговорите од страна на Руската Црква не застанаа, бидејќи тие понатаму веќе беа незадоволни и од процедурата за потпишување на Томосот. Како што вели Јов, најпрво Томосот требаше да го потпише само Вселенскиот Патријарх, но претставниците на Руската Црква побараа да се потпишуваат „сите претстојатели на Помесните Цркви, бидејќи треба да се согласат и да ја признаат таа нова Црква“. Повторно Константинополската Патријаршија прифати да оди на компромис и рече: Во ред. Томосот ќе го потпишуваат сите претстојатели на Помесните Цркви“.
Потоа Москва не беше задоволна од самите потписи. „Константинополскиот Патријарх го потпишува Томосот со зборот „Прогласува“, а другите претстојатели – како порано членовите на Соборот – го ставаат својот потпис по ред според православниот диптих“ наведе епископот Јов. Но ниту тоа не ѝ се допадна на Руската Црква, па поставија друг услов, според кој другите Патријарси исто така можат да додадат некој збор со нивниот потпис.
Според зборовите на архиерејот „Константинопол повторно направи отстапка. И рече „тогаш ќе направиме вака: Константинополскиот Патријарх потпишува и го става зборот „Прогласува“, а останатите Патријарси потпишуваат и го ставаат зборот „Сопрогласува“ – според правилото во Божествената Литургија“. Бидејќи кога се служи Божествената Литургија секогаш оној што служи прв, кого го сметаме за претстојател, ја служи Литургијата, а останатите сослужуваат.
Сепак, и тој еден збор не ја задоволуваше Московската Патријаршија, па побараа секоја Претстојател да потпишува со зборот „Прогласува“. – Константинопол не се согласи со ова нивно барање. Како што објаснува епископот, „не поради суета или некои други политички причини, туку затоа што тоа беше неразумно и погрешно. Еден човек може да прогласува, а останатите да сопрогласуваат со него. Не може секој да прогласува по свое“.
Од ова интервју се гледа јасно чија беше вината што темата за автокефалност не беше вклучена во дневниот ред на Соборот во Крит. Очигледно е дека пречката била токму неконструктивниот став на Руската Црква. Целата таа мешаница од различните барања сведочи за фактот дека тие направија се што може за да ја спречат дискусијата на таа тема. Не е исклучено дека доколку беа прифатени сите нивни барања, тие ќе излезеа со уште толку, понеразумни од првите.
Нивната цел беше да го искушаат трпението на Константинополската Патријаршија и да направат сè за да го истрошат. Зошто? За прво да го прекинат разгледувањето на оваа тема, а потоа да ја префрлат целата вина на Константинопол – токму како што направи Гундјајев во својот говор на неодамнешната конференција.
Премолчувајќи ја својата вина за неуспехот на темата за автокефалија, поглаварот на Руската Црква го продолжи обраќањето со изјавата дека поништувајќи ги сите претходни договори „Константинополскиот Патријарх го објави своето наводно добиено од Апостолите право, самостојно, без согласност на другите Помесни Цркви, да доделува автокефалија на кого што ќе посака“. Ова тврдење е дури и полицемерно и попровокативно од претходното.
Двојни мерки и двојни мерила сака Кирил
Најпосле, сосема е логично дека бидејќи не се постигна согласност за соодветниот документ за доделувањето на автокефалија, процедурата останува истата онаа која важеше до пред Соборот на Крит. Треба да го потсетиме Гундјајев дека на благодарение на таа процедура Московската Митрополија стана Патријаршија во 1589. Благодарение на неа и другите Помесни Православни Цркви беа формирани. Значи, да се негира правото на Константинопол сега да доделува автокефалија е исто како да се негира сопствениот автокефален статус. Како да си ја сече гранката на којашто седи. Сепак, тоа е нешто што најмалку го интересира Кирил и неговите помошници, за кои, кога се однесува до Московската Патријаршија, црковните канони и немаат некое големо значење.
Понатаму Гундјајев зборуваше за ереси и шизматици, го пофали својот огранок во Украина, и – какво изненадување – го покажа своето незнаење на Црковните Канони. „Секако црковните канони даваат целосни одговори. Но како ќе се применат тие канони во пракса? Што точно значат во сегашната состојба? Каде се границите на икономијата и каде започнува акривијата? Се надевам дека учесниците на оваа конференција ќе размислат и на таа тема“ рече Поглаварот на Руската Црква.
Така излагањето на Кирил е една чиста лага и конференцијата се одржа само за да се изнајде начин за заобиколување на црковните канони со цел да се осуди Константинополската Патријаршија и да се оправдаат личните каприци. Веројатно одлуките се веќе донесени и се чека само нивното формулирање. Треба да се наведе дека оваа конференција е само почеток и набргу сличен настан ќе одржи и огранокот на Московската Патријаршија во Украина. Веќе можеме да кажеме дека ќе биде и со иста тема.
Сепак, сите тие обиди на Москва да го разори ткивото на вселенското Православие е осудено на неуспех, бидејќи е очигледно дека ниту една од Помесните Цркви нема да учествува во таква неразумна авантура. Затоа Московската Патријаршија донесувајќи било какви одлуки на најавениот Собор ризикува да се најде во потполна канонска изолација. Со своите постапки самите си ја потпишуваат својата осуда и ги имаат сите можности да се запишат во историјата како иницијатори на псевдо-московската шизма.
/Olexandr Yefremenko, религиозен експерт
Багато запитує, що саме написано на наших плакатах.
Відповідаємо:
У нас один Предстоятель – Блаженнійший Онуфрій!
We have one Primate – His Beatitude Onuphry!
Варфоломію! Наша кров – на твоїх руках!
Bartholomew! Our blood – on your hands!
Варфоломію! Віддай нам наші 500 храмiв!
Bartholomew! Return our 500 churches!
Фанар, твій Томос приніс нам розбрат і кров!
Phanar, your Tomos brought us discord and blood!
Φανάρι, ο Τόμος σου μας έφερε διχόνοια και αίμα!
Нас мільйони, і наш Предстоятель – Митрополит Онуфрій!
We are millions, and our Primate is Metropolitan Onuphry!
Είμαστε εκατομμύρια και ο Προκαθήμενος μας είναι ο Μητροπολίτης Ονούφριος!
ЗАБИРАЙ СВІЙ ТОМОС, ВІДДАЙ НАШІ ХРАМИ!
TAKE YOUR TOMOS, GIVE BACK OUR TEMPLES!
ΠΑΡΕ ΤΟΝ ΤΟΜΟ ΣΟΥ, ΔΩΣΕ ΠΙΣΩ ΤΟΥΣ ΝΑΟΥΣ ΜΑΣ!
ВАРФОЛОМІЙ БЛАГОСЛОВЛЯЄ РОЗБІЙНИКІВ!
BARTHOLOMY BLESSES ROBBERS!
Ο ΒΑΡΘΟΛΟΜΑΙΟΣ ΕΥΛΟΓΕΙ ΤΟΥΣ ΛΗΣΤΕΣ!
500 ЗАХОПЛЕННИХ ХРАМІВ НА ТВОЇЙ СОВІСТІ!
500 SEIZED TEMPLES ON YOUR CONSCIENCE!
500 ΚΑΤΑΛΗΦΘΕΝΤΕΣ ΝΑΟΙ ΕΙΝΑΙ ΣΤΗ ΣΥΝΕΙΔΗΣΗ ΣΟΥ!
КРОВ ПРАВОСЛАВНИХ НА ТВОЇХ РУКАХ!
THE BLOOD OF THE ORTHODOX ON YOUR HANDS!
ΑΙΜΑ ΤΩΝ ΟΡΘΟΔΟΞΩΝ ΣΤΑ ΧΕΡΙΑ ΣΟΥ!
КРОВ ПРАВОСЛАВНИХ – ЧОРНИЛА ТВОГО «ТОМОСУ»!
THE BLOOD OF THE ORTHODOX – THE INK OF YOUR “TOMOS”!
ΑΙΜΑ ΤΩΝ ΟΡΘΟΔΟΞΩΝ ΕΙΝΑΙ ΜΕΛΑΝΙ ΤΟΥ «ΤΟΜΟΥ» ΣΟΥ!
Не може на некој кој е во заедница со тебе да му направиш директна штета и после да му кажеш дека го сакаш и дека он е крив што се жали на тоа. Па оваков безобразлук не проаѓа ни во светот, а не па во Црквата.