Никанор: Дали бугарскиот Синод ќе има право на вето?

Date:

Share post:

Бугарскиот архимандрит Никанор ја коментираше последната скандалозна изјава на бугарскиот патријарх Даниил, во која тој бара државните закони да бидат во хармонија на Божјите закони.

Архимандритот Никанор, со доза на сатира, прашува дали во новиот Устав на Радев, Синодот ќе има право на вето?

Светиот Синод ќе има право на вето. И указите ќе се објавуваат во „Црковен весник“!

Имам само два прашања:

1.Во една световна држава, од каде народните избраници ќе имаат експертиза да знаат што е во хармонија со Божјиот закон, а што не? Или навистина Светиот Синод ќе има право на вето во новиот устав на Радев?

2.Со кој точно Божји закон треба да биде усогласено нашето законодавство? Со оној од Евангелието? Со шеријатот? Со Петокнижието? Или со оној од Бхагавад Гита? Дали и Главното муфтиство и Високиот израелитски духовен совет исто така ќе имаат право на вето?

Честита ни џамахирија! Велајат-е факих. Наместо Орбан – …, наместо ајатоласите – патријатоласите!, напиша Никанор на Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img