Бугарскиот патријарх: Државните закони треба да бидат во хармонија со Божјите закони

Date:

Share post:

Бугарскиот патријарх Даниил повторно ја разбранува бугарската јавност. Од Велико Трново изјавил дека „Обидите за донесување закони што се спротивни на Божјиот закон продолжуваат и денес“, потенцирајќи дека државата требало да носи закони кои се во хармонија со Божјите закони.

Дополнително скандалозно е тоа што оваа изјава тој ја кажал за време на настан на кој се одбележувале 35 години од формирањето на Уставниот суд на Република Бугарија и 147 години од Трновскиот Устав.

-Во оваа радосна и свечена атмосфера ние со благодарност се потсетуваме на градителите на постослободителна Бугарија, а особено на народните пратеници од Уставотворното собрание, претседавано од блаженоупокоениот Бугарски егзарх Антим I, кои, собрани во оваа зграда пред 147 години, ги поставија темелите на бугарската државност, создавајќи го Трновскиот устав, изјави патријархот во своето обраќање.

Тој нагласил дека е важно да се истакнат заветните зборови од член 37 од Уставот, кои ја одразуваат волјата на тогашниот бугарски законодавец, а тоа била и волјата на целиот бугарски народ, дека „господарувачка во бугарското кнежевство вера е православно-христијанската од источно исповедање“.

-Човечките закони треба секогаш да бидат во хармонија со природниот закон и божественото право. Човечката историја покажала дека различните обиди за донесување неприродни закони, односно законодавство што е спротивно на богосоздадената човечка природа или пак претставува искривено толкување на законите, доживеале неуспех и довеле до катаклизми и потреси, како и до многу страдања и неправда во општеството, истакнал бугарскиот патријарх.

Патријархот нагласил дека улогата на законодавецот во една држава е исклучително важна, но подеднакво значајна е и улогата на Уставниот суд, кој е коректив на законодавецот и ги толкува законите во однос на нивната уставност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img