Рускиот патријарх Кирил го одликуваше и рускиот премиер со највисокиот орден на Руската црква.
Вчера, Кирил имал средба со Михаил Мишустин во Патријаршиската и Синодална резиденција во Даниловскиот манастир, каде за време на средбата, му го врачи на премиерот Мишустин Орденот „Свети Сергиј Радонешки“ од прв степен.
Одликувањето беше доделено како признание за неговиот придонес во развојот на односите меѓу Црквата и државата, како и по повод неговиот 60-ти роденден, стои во соопштението на РПЦ.
Орденот „Свети Сергиј Радонешки“ е едно од највисоките одликувања на Руската православна црква, кое се доделува на личности што дале значаен придонес за мисијата на Црквата и за нејзината соработка со јавните институции.

