Вартоломеј за масакрот во турско училиште – мора да изградиме ѕид против насилството

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја изрази длабоката тага од име на на Вселенската патријаршија и својата лична жал поради смртоносниот вооружен напад што се случи во средата, на 15 април, во училиштето „Ајсер Чалик“ во Турција.

Патријархот изјави дека е длабоко потресен од фактот што две слични трагични случувања се случиле во рок од само 24 часа во училишта низ земјата, вклучително и уште еден напад во Шанлиурфа, при што имало загинати и повредени.

Во својата порака, тој ги опиша настаните како „неискажлива трагедија“ и нагласи дека и државата и општеството мора да преземат одговорност во справувањето со ваквите екстремни форми на насилство. Тој ги повика властите, граѓаните, наставниците и родителите решително да дејствуваат за да се спречат слични инциденти во иднина.

Патријархот Вартоломеј исто така ја истакна потребата од поддршка на младите, нагласувајќи дека денешната младина сè повеќе е изложена на насилни содржини и влијанија. Тој повика на заеднички напори за соочување со оваа реалност и за градење култура што го отфрла насилството.

На крајот од своето обраќање, тој упати молитви за покој на душите на децата и наставникот кои ги загубија животите, изразувајќи надеж за брзо закрепнување на повредените и сила за нивните ожалостени семејства.

Што се случи во Кахраманмараш?

На 15 април 2026 година, се случи трагично пукање во училиштето „Ајсер Чалик“ во општината Оникишубат, во Кахраманмараш, Турција.

Четиринаесетгодишен ученик отвори оган, при што загинаа најмалку 9 лица (8 ученици и еден наставник), а 13 други беа повредени. Подоцна, според некои извори, бројот на жртви се искачил на 10.

Ова беше второ пукање во училиште во Турција за само два дена, по сличниот напад во Шанлиурфа на 14 април.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img