Храм во Австралиско-новозеландската епархија останал без богослужби за Велигден – никој не соопштува зошто

Date:

Share post:

Нови проблеми во Австралиско-Новозлендската епархија излегуваат на површина откако повторно најверојатно ескалира долгогодишната црковна криза во македонскиот храм во Силванија. Религија.мк, уште во 2024 година објави дека тамошниот проблем станува серизоен и дека тие бараат да бидат примени во Австралиско-Сиднејската епархија.

Нови проблеми во Австралија – Црковен одбор и верници бараат да бидат префрлени од епархијата на Петар во епархијата на Тимотеј

Последниот инцидент е што овој храм останал без богослужба за Велигден, а со тоа и верниците без причест.

На фб-страната на храмот St. Ilija Macedonian Orthodox Church, Sylvania, Sydney на 08. 04. 2026 година беше објавено само кратко соопштение, во кое пишува дека „поради околности надвор од контрола на одборот, за жал не сме во можност да одржиме Велигденски Литургии и Служби, и за жал нема да има Света Причест во овој период. Сепак, Црквата ќе остане отворена за парохијаните кои сакаат да дојдат, да запалат свеќа и да поминат време во молитва. Ги охрабруваме сите да ја искористат оваа света недела за духовна подготовка за Пасха. Ви благодариме за разбирањето.“

Ова соопштение предизвикало сериозна реакција кај дел од македонските верници во Сиднеј, кои го посетуваат овој храм. Ицо Најдовски –Перин, коментирајќи ја прославата на Велигден во Австралија, во својата емисија на радио, кратко искоментира, дека од страна на верници од Сиднеј пристигнале вести до неговото радио дека новоназначениот „владика Никола донел одлука да затвори еден од храмовите во Сиднеј.

-Зошто? Причините не ни се познати, но како заедница не смееме да молчиме… Очекуваме одговори дали веста е точна“ посочи Најдовски.

На социјалните страни на Австралиско Новозеландската Епархија до сега нема никакво соопштение за ваквата состојба и што довело до тоа за најголемиот празник македонските верници да останат без богослуженија и без причест и да дојде до нови тензии во таа црковна општина и што превзела Епархијата да не дојде до тоа.

Според информации од црковни кругови, состојбата не е ограничена само на Силванија. Проблеми од најразлични причини постоеле и внатре во самата Австралиско-новозеландска епархија, што укажува дека новоизбраниот митрополит Никола се соочува со сериозен број наследени, но и тековни проблеми. Наместо нивно постепено надминување, последните случувања укажуваат дека кризата се прелева и добива нови димензии по објавеното соопштение од Епархиското собрание од 12 јануари 2026 година – и тоа со значително задоцнување и по промената на раководството што кај дел од јавноста се толкува како потег што не води кон смирување, туку кон отворање на нови фронтови и како продолжување на претходните политики од владиката Петар што се покажуваа и со најверојатно продлабочувањето на кризата во Силванија.

Тензиите во Силванија не се нови, тие најверојатно сега се резултат на одлуката од Епархиското собрание од 12. 01. 2026, каде била донесена одлука: „МПЦО Св. Илија – Силванија и МПЦ Св. Троица – Сатерланд, се обединуваат во една (заедничка) Црковна општина (ЦО), која ќе функционира со две парохии. Заради нивното нормално функционирање, секоја од црковните општини ќе бидат независни, односно ќе имаат свој буџет, како и досега, ќе има своја регистрација пред Департментот за добротворни организации, а и понатаму ќе функционираат со посебни банкарски и сметководствени сметки“.

Како резултат на слична одлука во 2024 година црковен одбор и верници од оваа црква бараа да бидат префрлени од епархијата на Петар во епархијата на сега упокоениот владика Тимотеј, но такво нешто и покрај барањето не се случи. Од документите што ги поседува Религија.мк, се гледа дека уште во јули 2024 година била донесена одлука со која свештеникот Митко Митрев од Сатерланд се поставува во Силванија. Оваа одлука предизвикала силна реакција во Силванија поради вклученост на свештеникот Митко Митрев и во догогодишниот судски спор со храмот „Света Петка“ во Рогдејл.

Дополнително, во август 2024 година, црковната општина „Св. Илија“ официјално се обратила до црковните власти, што укажува дека спорот има подлабоки корени и не е резултат на моментални недоразбирања. Постоечкиот свештеник, протоереј Димче Воиновски, се нашол во повеќе наврати под притисок на раковоството на епархијата, како што стои во писмото кое било испратено до Синодот на МПЦ-ОА.

По релативното смирување на состојбите во текот на 2024 година, најновите случувања повторно ја отвораат кризата. Всушност состојбата повторно се влошува со одлуките донесени на Епархиското собрание од 12 јануари 2026 година, со кои Силванија повторно се наоѓа во фокусот на спорните процеси. Особено внимание предизвикува фактот што овие одлуки беа јавно објавени дури по разрешувањето на митрополитот Петар и по изборот на новиот надлежен архиереј, митрополитот Никола.

Верниците во Австралија се зачудени и се прашуваат зошто одлуките донесени на 12 јануари биле објавени со задоцнување од повеќе од два месеци. дали новиот митрополит дал благослов за нивно објавување, имајќи ја предвид нивната содржина и каква е канонската и морална одговорност за евентуалните неточности и дезинформации што тие ги содржат?

Кире Циревски во свој коментар за Епархиското соопштение посочи дека објавувањето на вакво соопштение, во време кога веќе има нов надлежен архиереј, неминовно создава впечаток на континуитет – не само административен, туку и суштински.

Кој е надлежен архиереј во Австралија?

Објавата на соопштението дел од експертската јавност ваквиот развој го толкува како дел од однапред координирана стратегија, која потенцијално имала за цел да создаде притисок врз одредени црковни општини, особено во услови кога Сиднејската епархија сè уште функционира без избран надлежен архиереј. Епархиското соопштение се смета за проблематично и од аспект што отвора прашања надвор од својата епархиска јуриздикција. Особено загрижува тоа што со ваквите потези индиректно се отвораат прашања и за црковни општини кои не припаѓаат на оваа епархија, конкретно храмовите во Рокдејл и Волонгонг, кои се наоѓаат во близина на Силванија.

Во престојниот период јавноста, особено македонската заедница во Австралија очекува Митрополитот Никола да ги повлече донесените одлуки од својот претходник за превенчавање, прекстување и препогребување на верници од другата епархија.

Во изјава за весникот Вечер, во врска со ова дал вели дека владиците Петар и Никола немаат власт да се мешаат во другата епархија:

„Тој и неговиот наследник немаа ама баш никаква јурисдикција да одлучуваат за што било во црквите на регистрираната Австралиско-сиднејска епархија. Во 2016, по првпат во историјата на МПЦ регистриравме епархија како правно лице во дијаспората, на чело со дедо Тимотеј, со благослов од Синодот. Сите наши сегашни свештеници се одобрени од дедо Тимотеј. Ако, пак, Синодот го погази тоа што го прифатил/ветил, овој пат самостојна задгранична црква ќе биде трајно решение за нас – предупреди Аврамовски во таа прилика.

Петар замина од Австралија и најави нов хаос – бара превенчавање, прекрстување и можеби препогребување на верници

Религија.мк тогаш ги контактираше дел од претставниците на Австралиско-сиднејската епархија, од кои се уште очекуваме став во врска со соопштението.

Во врска со Силванија верниците во Австралија можат да добијат најадекватен одговор од страна на Австралиско-Новозеландската епархија, како се допуштило за Велигден да се остави храмот без богослужби.

Од неофицијални информации се шпекулира дека свештеникот Димче Воиновски поради долготрајниот притисок од епархијата се наоѓа на боледување, но зошто тогаш не богослужел свештеникот Митрев, останува нејасно.

-Без јасна институционална реакција, транспарентност и пастирска одговорност, постои реална опасност од продлабочување на поделбите и дополнително нарушување на единството на Црквата на овој континент, велат нашите извори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img