Викарниот епископ Стобиски Јаков бил во посета на две јавни струмички претпријатија, ЈКП,,Комуналец”-Струмица и ПШС,,Беласица”-Струмица. Средбите со раководствата биле на покана на директорите.
За време на посетата, епископот се сретнал со заменик-генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, со раководителот на подружницата, Никола Тренчовски, со директорот на „Комуналец“, Кире Синдраковски, како и со колективите на двете претпријатија.
-На средбата, Неговото Преосвештенство ги сослуша предизвиците со кои секојдневно се соочуваат вработените во двете претпријатија, нагласувајќи дека Црквата е секогаш тука да им биде прибежиште и духовна потпора, велат од епархијата.


