Треба или не сертификат за посни производи – општествено одговорни компании вложуваат во информирање на верниците

Date:

Share post:

Христијаните во Светот и во Макеоднија, следниот месец април ќе го завршат најголемите пости во текот на годината – Велигденскте. На 12 тоа прво ќе го направат Католиците. Една недела подоцна тоа ќе го направат и православните. Со тоа ќе заврши 49 дневниот пост, што е само еден период од годината, кога христијаните се воздржуваат од конзумирање мрсна храна. Иако постот е многу повеќе од јадењето, сепак храната е секојдневие и во постите тоа е значајно време кое верниците го посветуваат за да изберат што посно да јадат.

Кај муслиманите постои организиран ред на ХАЛАЛ сертификат, што верските организиации, во соработка со државните институции го издаваат за јасна декларативност на производите. Муслиманите кога ќе отидат во маркет, многу полесно можат да се ориентираат кои производи можат да ги купат, а се во склад на нивните верски убедувања.

Во Христијанството, сертификат за посна храна нема, па христијаните обично мора да читаат декалрации за да проверат дали храната содржи или не животинско потекло.

Но, се почесто има компании кои самоиницијативно декларираат на своите производи дека се произведени без животинско потекло и дека се посни.

На пример за овие Велигденски пости, најголема општествена и граѓанско одговорност покажа Витаминка од Прилеп. Таа подготви цел каталог на нејзини производи кои верниците можат да ги конзумираат за време на постите.

-Не мора да се откажеш од добриот вкус за време на постите! Откриј ја вкусната страна на постите со производите на Витаминка. Нашата внимателно одбрана палета на посни производи е совршен избор за Велигденскиот пост, нудејќи вкусни и практични опции за секој оброк во денот. Не го жртвувај вкусот во постите – додај Витаминка. Сосови и сѐ ќе биде ем вкусно, ем посно! Сите 100% посни и природни, а неодоливо вкусни! Вкусни и посни – Пастела, десертот што го заслужуваш во постите! кремаст, брз за подготовка и 100% посно слатко задоволство, се само дел од слоганите што оваа компанија ги користи за рекламирање на своите производи, што на верниците им овозможува и брз и сигурен избор.

Дали има потребата од декларација или сертифицирање на производи за време на христијанските пости е прашање што се наоѓа на пресекот меѓу религијата, пазарната економија и заштитата на потрошувачите. Во православната традиција, постот подразбира воздржување од месо и месни производи, млечни производи и јајца, во одредени денови и риба, масло и вино.

Проблемот настанува бидејќи современите индустриски производи често содржат скриени состојки од животинско потекло (желатин, емулгатори, сурутка, итн.), што не се секогаш јасно препознатливи за потрошувачите.

Во современата политичка теологија на улогата на црквата во општеството оваа тема се појавува како дебата, но никогаш не била преточена во некакво јасно барање за декларации кои ќе овозможуваат транспарентност за состојките, информиран избор за верниците, избегнување на несвесно прекршување на постот.

Пазарната побарувачка налага сезонска побарувачка за „посни“ производи. Аргументи „за“ потреба од стандардизација се во насока на тоа дека та аби овозможила доверба, со која верниците би имале поголема сигурност во производите. Аргументи „против“, посочуваат дека во теолошка природа постот е личен подвиг, духовна, а не само диетална практика, Црквата не го сведува постот на „техничко“ прашање на состојки.

Како и да е примерот на Витаминка од Прилеп е добар модел за едно релегиозно и потрошувачко  современо општество, како што е македонското. Тој пример обезбедува транспарентност и заштита на верниците како потрошувачи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img