Стоилковиќ на средба со Порфириј – му го врачи одлукувањето од Србите во Македонија

Date:

Share post:

Вицепремиерот Иван Стоилковиќ имал средба со Српскиот патријарх Порфириј, на која му го врачил одликувањето, што за Свети Сава му го додели српската заедница во Македонија.

Стоилковиќ на Фејсбук сподели фортогарфија од средбата со Порфириј во патријаршијата во Белград, посочувајќи дека имал срдечниот разговор, а во име на српската заедница во Македонија, на Неговата Светост да му ја врачил Светосавската повелба – највисокото признание на српскиот народ, по повод празникот Савинден.

-Со овој чин изразуваме исклучително почитување и длабока благодарност кон патријархот Порфириј за сè што прави за доброто на српскиот православен народ, а особено кон Србите во Македонија, бидејќи Српската црква низ вековите претставува столб на духовниот, културниот и националниот идентитет на сите Срби. Црковното единство и соборноста, како заедничка стремеж, на најдобар начин се посведочени и потврдени во меѓусебната љубов, почит и братски однос меѓу Српска Православна Црква и Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, а Светосавието останува сигурен патоказ и духовен ориентир во современите предизвици, напиша Стоилковиќ на Фејсбук.

За средбата извести и самиот патријарх Порфириј, преку Фејсбук, споделувајќи речиси идентички контастации.

– Со овој чин Србите од Северна Македонија изразуваат исклучително почитување и длабока благодарност кон патријархот Порфириј за сè што прави за доброто на српскиот православен народ, а особено на оној што живее во Северна Македонија – порача Стоилковиќ. Потпретседателот на Владата на Северна Македонија нагласи дека Српска Православна Црква низ вековите претставува столб на духовниот, културниот и националниот идентитет на сите Срби. Соговорниците едногласно заклучија дека црковното единство и соборноста, како заедничка стремеж, на најдобар начин се посведочени и потврдени во меѓусебната љубов, почит и братски однос меѓу Српската Православна Црква и Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и дека Светосавието останува сигурен патоказ и духовен ориентир во современите предизвици, напиша Порфириј.

На Свети Сава оваа година во Скопје не дојде српскиот патријарх Порфириј, за разлика од минатата година кога тој беше гостин заедно со архиепископо Стефан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img