Српски политичар бара полициска заштита за Порфириј бидејќи бил во опасност за ликвидација од странски сили

Date:

Share post:

Српски политичари бараат полициска заштита на Српскиот патријарх Порфириј, поради опасност за неговиот живот од странски платеници. Поратлот Србија денес објави автотрски текст на Александар Ѓурѓев, претседател на српска листа во кој тој предупредува на опасноста за ликвидација на Порфириј. Ѓурѓев, билзок до власта на Вучиќ, поренешен член на движењето Двери, исклучително близок до српскиот црковен врв, смета дека српскиот патријарх е под удар на странски сили, кои можат да го ликвидираат и затоа бара негова заштиата од српската полиција.

– И се обраќаме на Владата на Република Србија и на сите надлежни органи. Ова не е ситуација во која се чека. Ова е ситуација во која се дејствува. Бараме итна и сериозна проценка на безбедносната загрозеност на српскиот патријарх Порфириј, засилена физичка и оперативна заштита на српскиот патријарх Порфириј, заштита на неговите најблиски соработници, свештеници, ѓакони и активни мирјани, вклучување на сите безбедносни структури во превентивно дејствување. Зашто во вакви ситуации, пропустот не е неутрална работа. Пропустот е одлука. Српскиот народ веќе двапати во историјата гледал како се создава амбиент во кој поглаварот на Црквата станува цел. Првиот пат заврши со трагедија. Вториот пат со сомнеж што никогаш не беше отстранет. Денес сме во трет момент. Разликата е само во тоа дали овој пат ќе го препознаеме образецот или повторно ќе го игнорираме. Затоа ова не е апел. Ова е предупредување. И прашањето што останува да виси во воздухот е: дали државата ќе реагира навреме или повторно ќе реагира по последиците?, пишува Ѓурѓев во својот текст.

Тој посочува на текст објавен како ударна вест на, како што ги нарекува „порталите кои се финансиски поддржани од западни влади“, во кој наводно се доведува Неговата светост, српскиот патријарх Порфириј, како и неговите најблиски соработници, свештеници, ѓакони и мирјани, во наратив кој вклучува криминални структури, странски влијанија и безбедносни ризици, претставува опасно позиционирање.

-Токму тука лежи суштината на проблемот. Зашто во историјата на српскиот народ, ударот врз Црквата никогаш не започнувал со сила. Започнувал со приказна. Кога српскиот патријарх Лукијан Богдановиќ исчезна во 1913 година, а потоа беше пронајден обезглавен во река во Австрија, официјалната верзија никогаш не ја убеди српската јавност. Она што остана е уверувањето дека отстранувањето на поглаварот на српската Црква било дел од поширок план за дестабилизација на српскиот народ во пресрет на Првата светска војна. Историјата што следеше му даде тежина на тоа уверување. Кога српскиот патријарх Викентиј II ненадејно и под сомнителни околности почина во 1958 година, во услови на притисок од титоистичката диктатура, немаше ниту истрага што би ја смирила јавноста, ниту објаснување што би ги отстранило сомнежите. Остана фактот дека Црквата во тој период беше под силен обид за контрола од страна на диктаторот, а дека нејзиниот поглавар почина во момент кога таа контрола не можеше да се воспостави. Овие два настани ги поврзува една работа: поглаварот на српската Црква станува цел тогаш кога се подготвува поширок притисок врз српскиот народ. Затоа ова не е историја. Ова е предупредување. Дополнителна тежина на целата ситуација ѝ дава фактот дека сето ова се случува во момент кога во регионот веќе се зборува за координирани операции, пишува Ѓурѓев.

Посочува дека Золтан Ковач, еден од најблиските соработници на Виктор Орбан, изнесе јавно соопштение по седницата на Советот за национална безбедност на Унгарија, а во тоа соопштение се говори за „невидена разузнавачка операција“ која трае со месеци, која вклучува странски служби, медиумски актери и мрежи во повеќе држави и чии ефекти веќе се гледаат во јавниот простор.

-Золтан Ковач е државен секретар за меѓународни комуникации и официјален портпарол на Владата на Унгарија. Близок е соработник на Виктор Орбан и еден од главните луѓе задолжени за комуникација на политиката на Унгарија кон странство. Со децении е во врвот на државната структура и има значајно влијание врз обликувањето на политичките и медиумските наративи. Неговите изјави често доаѓаат по институционални состаноци и ги одразуваат ставовите на државниот врв, а не лично мислење. Токму затоа неговите предупредувања за безбедносни и разузнавачки прашања имаат сериозна политичка тежина. Кога ваква негова изјава се стави во контекст на она што се случува во Србија, тогаш прашањето повеќе не е дали постои врска, туку дали постои свест. Зашто механизмот е ист: прво наратив, потоа притисок, па потоа трагични последици, вели Ѓурѓев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img