Владата на Србија планира заедно со Српската православна црква да основа Универзитет „Свети Сава“. Како што објави Н1м повикувајќи се на владино соопштение по седницата на Владата, усвоен е Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Србија и Српската православна црква.
„Имајќи ја предвид потребата за постојано унапредување на образовниот систем и подигнување на неговиот квалитет во согласност со начелата на знаење, воспитување и морал. Овој универзитет се основа со намера соработката меѓу државата и Српската православна црква во областа на високото образование да биде заснована на заедничка одговорност за развојот на знаењето, зачувувањето на темелните вредности на поединецот и општеството и негувањето на културното и духовното наследство“, соопшти Владата.

