Новиот митрополит Никола слета во Австралија

Date:

Share post:

Новиот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Никола пристигна во Австралија, денеска попладне. На Ародоромот во Мелбурн го пречекале свештеници од епархијата, верници и претставници на кутурно уметнички друштва, облечени во традционални македонски носии.

Ова е прва негова канонска посета откако е избран за митрополит.

По пристигнувањето на аеродромот, свечен пречек бил организиаран во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Мелбурн.

За време на посетаата, Никола, ќе богослужи и ќе оствари средби со свештенството и верниците на Австралиско-новозеландската епархија.

-Оваа канонска визитација претставува исклучително значаен настан во животот на нашата Света Црква, преку коа ќе се овозможи заедничко литургиско собрание, духовно укрепување на верниот народ, како и продлабочување на единството помеѓу архипастирот и повереното му стадо. Ги повикуваме сите благочестиви верници на Макердонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд да земат молитвено учество и со достојна љубов и почит да го пречекаат својот архипастир, стои во епархиското соопштение.

Епархијата не наведува колку дена ќе трае канонската посета.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img