СПЦ ја преименува МПЦ-ОА во ПОА-МПЦ

Date:

Share post:

СПЦ повторно ја преименува МПЦ-ОА во својата официјална комуникација, овојпат користејќи ја формулацијата „Православна Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“, односно ПОА-МПЦ. Новото именување се појавува во официјалната информација на сајтот на Српската Православна Црква за меѓународната конференција во манастирот Манасија.

Ова не е првпат СПЦ да експериментира со начинот на кој ја именува Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Во различни периоди во официјалните објави се појавуваа различни формулации, што покажува дека прашањето за името и начинот на кој СПЦ ја означува МПЦ-ОА и натаму е предмет на различни интерпретации во нејзината официјална комуникација.

Најновиот пример, сепак, е особено интересен бидејќи не станува збор за неформална објава или медиумски текст, туку за официјална информација објавена на интернет-страницата на СПЦ, во која се пренесува поздравното обраќање на архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

Во текстот на СПЦ се наведува дека поздравната порака од архиепископот Стефан ја пренел епископот Хераклејски Климент, секретар на Синодот на „Православне Охридске Архиепископије – Македонске Православне Цркве“.

Токму затоа, тешко е ова именување да се третира само како случајна грешка во пишувањето. Станува збор за формулација употребена во официјална црковна информација, а дополнително доаѓа во контекст на повеќегодишната практика на СПЦ различно да ја именува МПЦ-ОА.

Веста од сајтот на СПЦ, со ова име на МПЦ-ОА, беше пренесена и во останати портали во соседни држави.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img