Бигорски ќе добие тројца нови моанси – За манстирската слава ќе служи Митрополитот Георгиј

Date:

Share post:

Тројца нови монаси ќе го примат монашкиот чин во Бигорскиот манастир за време на празничното бдение по повод главната манастирска слава – Отсекувањето на чесната глава на Свети Јован Крстител.

Монашкиот чин ќе биде извршен во присуство на митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој ќе претстои на празничното бдение. Тројцата кандидати се духовни чеда на игуменот на Бигорската обител, епископот Антаниски г. Партениј, и со замонашувањето ќе го започнат својот живот во монашки подвиг и служба на Црквата.

Од Бигорскиот манастир најавуваат дека нивното замонашување ќе биде централниот духовен настан во рамките на овогодишното празнување на Свети Јован Крстител, небесниот покровител на обителта.

Празничното чествување ќе биде збогатено и со учеството на хорот за источно-православно пеење „Свети Јован Кукузел“ од Тирана, Албанија. Хорот ќе гостува во Бигорски со благослов на архиепископот Тирански, Драчки и на цела Албанија г. г. Јован.

Гостите од Православната црква на Албанија заедно со хорот при Бигорското братство ќе го придружуваат празничното бдение и богослужението со византиско црковно пеење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img