Почетна Вести Христијанство Спасеновски и отец Доситеј на средба со Вартоломеј
Спасеновски и отец Доситеј на средба со Вартоломеј

Спасеновски и отец Доситеј на средба со Вартоломеј

1.12K
0

Професорот на правниот факултет од Скопје, Александар Спаесновски и архимандритот од Бигорскиот манастир отец Доситеј имале средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Грција. Спасеновски бил гостин на дел од настаните што беа организирани за време на посетата на Вартоломеј на Грција, каде и разговарале со Вселенскиот патријарх. Како што објави Бигорскиот манастир,Спасеновски и Отец Доситеј  му се заблагодариле на Патријархот за неговата грижа за Црквата и за историската и визионерска одлука со која ја призна каноничнста на МПЦ-ОА.

Oтец Доситеј и професорот Спасеновски во изјава за американското радио „Флорида“ ја потенцирале благодарност до организаторите на овој настан за поканата да бидат дел од посетата на Вселенскиот Патријарх.

-Најнапред му благодарам на г. Стерјо Вангелис“, посочи Архимандрит Доситеј, „што нè покани на овој настан на којшто ќе земе учество Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј. Нам ни е особена чест што учествуваме на овој настан, каде што доаѓаме со благослов на нашиот Старец, Епископ г. Партениј, Игумен на Светиот Бигорски Манастир посветен на Свети Јован Крстител. Нашиот Манастир, стар нешто повеќе од 1000 години, е основан од ктиторот Јован Дебарски, кој е всушност првиот Архиепископ на Охридската Архиепископија. Овде сме за да му искажеме голема благодарност на Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј за неговата татковска љубов со која помогна да се надмине спорот со нашата света православна црква. Овој наш спор и проблем беше рана на целата православна Црква. Како што пишува во соопштението од Вселенската Патријаршија од 9 мај, нашиот Патријарх ја исцели оваа рана со вино и со елеј на милоста. Овде би сакал да го цитирам и нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, којшто на пречекот на Старецот Вартоломеј, Игуменот на Манастирот Есфигмен од Света Гора, кажа дека во ликот на Патријархот Вартоломеј го гледа вториот Фотиј Велики. Би го навел исто така и Архиепископот Охридски г. Стефан, којшто во својата беседа кажа дека болниот во Витезда чекаше 38 години за да дојде човек и да го исцели, а ние чекавме 55 години, за да дојде човек и да го исцели расколот. Тој човек е Патријархот Вартоломеј“, изјавил Отец Доситеј.

-За нас како луѓе кои за прв пат имаат можност да се сретат со личности од Вселенската Патријаршија по историската одлука од 9 мај, овој настан претставува повод за да ја искажеме својата благодарност од историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на канонскиот статус на нашата Црква… Конечно се надевам и дека ќе можеме да ги споделиме нашите очекувања дека финалето на овој историски процес којшто започна на 9 мај успешно ќе биде заокружен на 12 јуни, кога нашиот Архиепископ и нашите верници ќе имаат можност во седиштето на Вселенската Патријаршија да бидат дел од историскиот настан во кој заедно ќе сослужуваат нашиот Архиепископ Стефан и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, изјавил Спасеновски.

Отец Доситеј и проф. Александар разговарале и со Митрополитот на Касандрија г. Никодим, со Игуменот на Манастирот Влатадон Епископот Аморејски г. Никифор, со архонот на Вселенската Патријаршија г. Анастасиј Масторјани, со префектот на Халкидики г. Јанис Јоргос, со градоначалник на Неа Пропонтида г. Манолис Карас.

Инаку, Вартоломеј вчера попладне одржал поздравен говор на Универзитетот Аристотел во Солун на теолошката конференција организирана во негова чест. Притоа, сите учесници на конференцијата го поздравиле и му честитале за одлуката од 9 мај оваа година, со која тој ја прими Охридската Архиепископија во канонско и евхаристиско единство.

Вселенскиот патријар посетата на Грција ќе ја заврши со посета на Света Гора.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *