
Бугарскиот патријарх Неофит, во името на Бугарската Патријаршија изрази сочувство за трагичната смрт на 45 македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија.
-Во раните утрински часови ја добивме веста за трагичниот инцидент со автобус на автопатот Струма, во кој патувале 53 лица државјани на Република Северна Македонија. Загинаа наши браќа и сестри, меѓу кои и деца, а седуммина беа повредени. Инцидентот однесе скапи човечки животи, а семејствата се облечени во неутешна тага. Во овие тешки моменти се сеќаваме на вистината за краткотрајноста на човечкиот живот, а имено дека смртта доаѓа во еден миг и одзема се…, пишува во телеграмата сочувство.
Во нејзе Патријархот најавува в недела молитва за загинатите во сообраќајни несреќи.
-Во неделата во која се молиме за загинатите во сообраќајни несреќи, оваа најнова трагедија јасно ни покажува дека сообраќајните несреќи и инциденти се резултат на многу фактори. Со татковска грижа, апелираме до сите кои возат да бидат разумни и одговорни на патот! Од се срце се молиме на нашиот Отец Небесен да ги упокои душите на оние кои загинаа во тешката катастрофа! Господ нека им прости и нека ги упокои таму каде што почиваат праведниците! Го молиме Исцелителот на душите и телата – Семилостивиот Господ Исус Христос да ги зајакне душевно и телесно повредените и скоро да се вратат кај своите блиските! Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите. Господ секогаш да им дава утеха! Со љубов во Христа, вели бугарскиот патријарх Неофит.