СДСМ: „Српскиот“ и „рускиот свет“ добиваат свои претставници во новата Влада

Date:

Share post:

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, за време на синоќешната собраниска расправа за реконструкцијата на Владата обвини дека меѓу предложените министри има личности кои, според него, се поврзуваат со концептите на „српскиот“ и „рускиот свет“.

Трајчулески најпрво се осврна на предлогот Иван Стоилковиќ да биде министер за локална самоуправа, оценувајќи дека со тоа, како што рече, „српскиот свет во Македонија добива позиција губернатор на 80 македонски општини“.

Осврнувајќи се на кандидатот за министер за земјоделство Борче Серафимовски, пратеникот на СДСМ посочи дека тој бил дел од јубилејното десетто собрание на фондацијата „Руски мир“, организација основана со указ на рускиот претседател Владимир Путин во 2007 година.

„Генералниот директор на Меѓународниот славјански универзитет Борче Серафимовски беше дел од јубилејното десетто собрание на фондацијата „Руски мир“, која е основана со указ од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во 2007 година. Свое обраќање имаше и патријархот московски и на цела Русија Кирил. Ние сме горда членка на НАТО“, изјави Трајчулески.

Премиерот Христијан Мицкоски пак ги отфрли критиките на опозицијата поврзани со, како што рече, наводите за „српски свет“, обвинувајќи го СДСМ за двојни аршини во односите со лидерот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ, додека биле на власт.

– Не ви сметаше да трчате на Бања да го убедувате и да нудите сѐ и сешто за да гласа за промена на името. Тогаш не ви сметаше Иван Стоиљковиќ? Е, оваа Влада има поинаков став за сите тие прашања затоа што има карактер и затоа што е навистина горда и достоинствена. Не ви сметаше да трчате на Бања да го убедувате и да нудите сè и сешто за да гласа за промена на името. Не ви сметаше кога трчавте по Скопје и по Куманово да го молите, да коленичите пред Иван Стоиљковиќ да гласа за промена на името? И знам дека ве одби човекот затоа што има карактер, има достоинство. И сега се обидувате, би рекол, во политички деминутив да му се обраќате на него и на Владата којашто ја предводам јас – рече Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img