Во Русија, православниот свештеник Јона Сигида бил уапсен, физички малтретиран и обвинет за „отворено навредување на општеството“, по изјави и статии критички кон државните митинзи и празници, јавува медиумската платформа Forum 18, цитиранa од Eurasia Review.
Според извештајот, на 27 ноември 2025 година, припадници на Националната гарда, Федералната служба за безбедност (FSB) и Истражниот комитет упаднале во црква во регионoт Краснодар, каде што Сигида служи. При претресот биле запленети електронски уреди, парични средства и документи; црковниот простор бил претворен во „хаос“, како што опишуваат парохјаните — со испразнети „кружки“ (доброволни прилози) и расфрлани предмети.
По апсењето, Сигида бил задржан преку ноќ, а неколкумина сведоци тврдат дека бил применет и физички притисок: тепан, шокиран со пиштол за струен удар и принудно ошишан. Утредента, судот во Славјанск-на-Кубани го ставил под куќен притвор до крајот на јануари 2026 година.
Како официјален повод за обвинението е наведена содржината на неколку статии на црковниот веб-сајт, каде Сигида го критикувал екстремното државното славење на „Денот на победата“ (9 мај), како и други прослави на воената мож и слава. Тоа е квалификувано според член 354.1 од Кривичниот законик — „рехјабилитација на нацизмот“ и „јавно навредување на симболите на воена слава и комеморативните датуми на Русија поврзани со одбраната на Татковината, како и сквернавење на симболите на воената слава на Русија, навреда на сеќавањето на бранителите на Татковината или понижување на честа и достоинството на ветеран од Големата патриотска војна“.
По овој случај, верската заедница во регионот ја доживеала ситуацијата како напад не само на еден свештеник, туку на слободата на вероисповед. Параохјани од црквата истакнувале дека со вакви мерки државата се обидува да замолчи секое критичко мислење — особено ако тоа доаѓа од независни во мислењето црковни структури.
Во контекст на меѓународните обврски на Русија — членка на Конвенција на Обединетите нации против тортура — тешките обвиненија за тортура, непочитување на слобода на изразување и вероисповед заслужуваат сериозна соработка со меѓународни организации. Во спротивно, овие настани се загрижувачки знак за пораст на репресијата врз верските малцинства и независните религиозни заедници.


Денот на победата над фашизмот и нацизмот, победата во Големата Татковинска војна како што ја нарекуваат тие, во Русија е пример за суштествено празнување на победата над смртта и ѓаволот на народ кој покажал огромно братољубие и љубов и во своите редови и кон други народи во тие тешки времиња. Ако некој свештеник не ја разбрал суштината на заповедта Божја ‘Љуби го ближниот свој како себеси’ и ако го иритира потресната поворка на многубројниот руски народ кој излегува со високо кренати портрети на паднатите борци за слободата, и тоа слободата не само на Русија туку и на современа Европа, тивкиот марш на милионите членови на Бесмртниот Полк (обично секој излегува со кренати транспаренти од фотографии на паднатите херои од неговото семејство), можеби тоа и не е свештеник туку еден завидлив човек во мантија кој не ја разбрал суштината на љубовта кон ближниот, ниту вечниот спомен на покојните кои го задолжиле својот народ со својата жртва, со несебично пролеаната крв за неговата слобода и спокој, а на крајот на краиштата не ја разбрал ни суштината на литургијата која мислел дека цел живот ја богослужи. Православието секако не го разбрал. Свесно или несвесно се приброил кон неолибералната клика чија идеологија тежнее од луѓето да направи ботови, несвесни за самите себеси, индивидуи кои не се во никаква врска/заедница со своите претходници/предци, кои не ја ценат нивната величествена жртва за добробитието на поколенијата кои ги наследиле, да создаде самодоволни тела посветени на својот личен спокој и удобност, подготвени на секаков компромис за таа цел. Општествата што престанаа да ја слават победата над фашизмот, оние што ја релативизираат тежината на жртвите дадени за таа победа, му подлегнаа за жал на неолиберализмот, го сторија тоа под негово влијание. А неолиберализмот е сила противничка на Православието. Не делумно, туку целосно. Не им е непознато на руските безбедносни служби кој се’ може да шири таква пропаганда од амвон (тоа проповед сигурно не е), затоа и постапиле како што постапиле. Не им е непознато и какво влијание злоупотребата на амвонот може да направи врз верниот народ. Покајанието е духополезен процес, но нерасудливото судење и осудување понекогаш е крајно рѓосана алатка во устите на духовно сиромашните црковни учители. Кога не знаат како да го помогнат духовниот развој на членовите на нивната евхаристиска заедница, се обидуваат да ги наведат на странствување од светот (кој “лежи во зло”) оцрнувајќи ги дури и најпозитивните општествени појави само затоа што не се воспоставени со директна црковна одлука или иницијатива, што е всушност безумно. Странствувањето од светот е странствување од страстите, тоа е благословен подвиг, но вдахновението за него мора да се црпи од љубовта кон Бог и кон ближниот, што значи не може да биде странствување од ближниот кој душата си ја положил за животот на својот народ, омаловажување на споменот за него и сл.