Во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, Австралија, на 30 август беше отслужена Света Златоустова Литургија, во 13-тата недела по Педесетница.
Со Литургијата чиноначалствуваше отец Гаврил, во молитвено присуство на старешината на храмот и архиерејскиот намесник, ереј Владо Недески.
На богослужбата присуствуваа верници од црковната општина, а дел од нив се причестија со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата, верниците му го честитаа роденденот на отец Гаврил, упатувајќи му желби за здравје, духовна сила и уште многу години посветено пастирско служење.


O tempora, o morec! Догодина, по австралиски, може да падне и некој бал. Освен ако о. Гаврил, како монах од стар ков, не побегне.