Реисот Фетаи на свеченоста за 35 години независност

Date:

Share post:

Реисул Улема на Исламската верска заедница, Х. Хафиз Шаќир еф. Фетаи, беше меѓу присутните на свеченоста што Владата ја организираше по повод 35 години од независноста на државата.

Фетаи на настанот во Владата присуствуваше по покана на премиерот Христијан Мицкоски. На свеченоста присуствуваа претставници на државните институции, политичкиот живот, верските заедници, дипломатскиот кор и јавниот живот.

ИВЗ во соопштението за присуството на Реисот Фетаи нагласува дека учеството на вакви државни настани ја отсликува улогата на Исламската верска заедница во институционалниот и општествениот живот на земјата. Во тој контекст, од ИВЗ ја посочуваат и нејзината определба за мир, соживот, меѓусебно почитување, разбирање и општествена кохезија.

Свеченоста во Владата беше дел од програмата со која годинава се одбележуваат 35 години од независноста на државата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img