Почетна Вести Протестантски пастор во Русија стана Православен
Протестантски пастор во Русија стана Православен

Протестантски пастор во Русија стана Православен

246
0

kaningradНикита Јеремејев, поранешен пастор на Протестантска заедница во Калининград, премина во Православие. Одлуката од Протестант да стане Православен не ја гледа како дезертерство од армијата на непријателот, туку резултат на некоја еволуција во светогледот.

-Во Протестантизмот јас се запознав со Христос преку евангелската историја. А во Православието Го запознав Христос, Кој живее сега, во Таинствата на Телото на Црквата. Јас би го споредил моето преминување во протестантската општина со бегството од мисловниот Египет (од гревовниот свет) во Синајската пустина. А моето преминување во Православие – преминувањето преку Јордан, почетокот на освојувањето на Ветената Земја. Токму така го опишуваат животот на христијанинот древните отци на Црквата: тоа е борба и смрт во војната за земјата на кротоста, за животот со Христос во Царството Небесно, вели Никита.

Раководителот на мисионерскиот оддел на Калининградската епархија, Александар Пермајаков вели дека протестантите имаат голем интерес за Православието.

-Проблемот е во тоа, што протестантите сретнуваат едно Православие во книгите, а друго во животот на самите православни. И тоа е главната причина, зошто тие искрени луѓе до сега не се со нас, вели отец Александар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *