Почетна Вести Папата му пиша на поглаварот на Коптите
Папата му пиша на поглаварот на Коптите

Папата му пиша на поглаварот на Коптите

239
0

Francisk slikaКатолиците и коптите можат заеднички да сведочат важни вредности, како што се светоста и достоинството на човечкиот живот, светоста на бракот и семејните вредности, напишал Папата Франциск во пораката до Патријархот на Коптската православна Црква Теодор II на денешниот ден на коптско-католичкото пријателство.

Франциск ги потенцирал заедничките чекори на Католиците и коптите на патот на помирување и пријателство по векови молк, неразбирање, а на моменти и непријателство. Папата во писмото потсетува на средбата со патријархот Теодор во 2013 година во Рим.

-Пред многу современи предизвици Коптите и Католиците се повикани да дадат заеднички одговори засновани на евангелието, свесни дека она што не обединува е поголемо од она што не разделува, пишува Папата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *