Почетна Анализа Предметот Етика во религиите мора да биде дел од новата концепција на образованието
Предметот Етика во религиите мора да биде дел од новата концепција на образованието

Предметот Етика во религиите мора да биде дел од новата концепција на образованието

300
1

Само преку учење за различностите може да се подигне нивото во мултикултурализмот во Македонија. Предметот „Етика во религиите да го задржи досегашниот статус, а не да се истиснува во новата концепција на образованието, бара наставниците и претставници на верските заедници.

Професорот Амел Куртиши вели дека само преку запознавањето со другите религии најмладите ќе можат создадат предуслови за соживот и толеранција меѓу заедниците.

-Ние навистина имаме потреба да го надминеме тој ендек којшто постои меѓу младите и да се изградат мостови на комуникација и дружење, а тоа можеме да го направиме запознавајќи се еден со друг, вели Куртиши.

Македонското општество се дефинира како мултикултурно, а во тоа голем удел има религијата.

-Ние на пример насекаде се фалиме со нашите верски објекти, со нашите верски скапоцености без разлика од која религија и да доаѓаат, а не сакаме да се погрижиме да имаме знаење за сето тоа, вели Отец Бобан.

Само преку изучувањето на религиите и нивната историја од теолози може да се избегне опасноста од верска радикализација.

-Во налетот на новите современи предизвици кои цела Западна Европа ги чувствува на своја кожа многу ќе значи во, како што реков, подигањето на личноста на младиот човек. Нам ни е потребно, на општеството му е потребно,  вели претседателот на Комисијата за односи меѓу верските заедници.

Со истиснувањето и деградирањето на предметот „Етика на религите“ се загрозуваат работните места на наставниците.

-Во овој момент повеќе од 100 македонски семејства се соочуваат со неизвесност во однос на нивната судбина. Причината за тоа е долгогодишниот молк од страна на институциите на државната власт во однос на легитимните апели на професорите по предметот „Етика на религите“. Тие се должни да знаат каква е судбината на нивниот предмет.

При најавата новата концепција за основно образование, теолозите добија ветувања дека предметот ќе биде инкорпиран во наставната програма, но тоа се уште не се случува. „Етика на религите“ беше воведен како компромис откако беше укинат предметот „Веронаука“. Искуството покажува дека тој предмет има голема улога во развојот на моралните вредности кај децата, а претставниците на верските заедници велат дека кај родителите има голем интерес за изучување на оваа тематика.

/СИТЕЛ

Коментар(1)

  1. Да не се бламираме. Нема ,,етика на религиите,,. Или има етика, или има вера. Или децата ќе учат за верата, односно веронаука. Секој за својата. Или нема ништо да научат. Секоја вера учи за добро, за љубов, за почитување, за изградување на добар човек, за добро општество, така да само тоа е доволно за соживот, било каде и било кога. Проблемот е видлив и нема потреба од објаснувања. Едноставно некој не сака децата да учат тоа што треба. Ќе останеме само на безкористната етика …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *