
Поздравот од Рускиот Патријарх преку Григориј дојде до МПЦ
Кумановско-осоговскиот митрополит Григориј бил дел од Архиерејската лиртургија што ја служел Будимпештанскиот митрополит Иларион Алфеев во Манастирот во Јасеновац во Хрватска, заедно со владици на СПЦ и на Руската црква.
-Во поздравниот говор, Митрополитот Иларион им го пренесе благословот на рускиот патријарх Кирил. Митрополитот нагласи дека е малку веројатно дека некогаш ќе го дознаеме точниот број на жртвите во Јасеновац, како и имињата на сите невино убиени маченици, пренесува Спутник за настанот.
Митрополитот Григориј, се почесто може да се види во друштво со претсавници на Руската држава или црква. Недамна Претседателот Стево Пендаровски обелодени дека од НАТО добиле предупредување за македонски владици кои се во улога на Русија во Македонија.
МПЦ-ОА, особено поглаварот се уште молчи за овие информации.
Руската врска и влијание на Балканот оди преку Црквата, а клучни се две до три личности на РПЦ кои се тука на Балканот.
НАТО, САД… колективниот Запад, одамна настојуваат да го насочуваат Православието. Тука ли им е местото, во вековно православните земји да ја оценуваат натоподобноста на православните архиереи?
Правото на православните архиереи од разни Помесни Цркви слободно да сослужуваат и да заедничарат меѓусебе никој и ништо не може да им го одземе. Тоа право извира од богочовечката природа на Црквата и е недопирливо за земните властодршци. Душегрижничките обиди на претставници на една озлогласена воена алијанса да ја квалификуваат подобноста на православните митрополити, епископи, свештеномонаси итн. е само уште едно сведоштво за тоталитаристичкиот карактер на нивната мисија во светот кој се обидуваат да го поделат на НАТО поданици и други. Таа поделба сепак е ирелевантна за Црквата како Тело Христово, а ирелевантна е и за светот како Божјо Создание.
Правото на православните архиереи од разни Помесни Цркви слободно да сослужуваат и да заедничарат меѓусебе никој и ништо не може да им го одземе. Тоа право извира од богочовечката природа на Црквата и е недопирливо за земните властодршци. Душегрижничките обиди на претставници на една озлогласена воена алијанса да ја квалификуваат подобноста на православните митрополити, епископи, свештеномонаси итн. е само уште едно сведоштво за тоталитаристичкиот карактер на нивната мисија во светот кој се обидуваат, наводно миротворно и демократски, да го поделат на НАТО поданици и други. Таа поделба сепак е ирелевантна за Црквата како Тело Христово, а ирелевантна е и за светот како Божјо Создание.