Почетна Вести Христијанство Скандалите на Петар на прекинуваат – Ако дојде Партениј, нема да има устоличување
Скандалите на Петар на прекинуваат – Ако дојде Партениј, нема да има устоличување

Скандалите на Петар на прекинуваат – Ако дојде Партениј, нема да има устоличување

2.70K
0

Скандалозно однесување на Владиката Петар му птретходело на чинот на устоличувањето на Владиката Јован за Митрополит Крушевско-демирхисарски. Со уцени и закани Петар го спречил учеството на Валдиката Партениј на литургијата што вчера се оддржа, иако Јован уредно го поканил и Епископот Антаниски заедно со монасите од Бигорски.

Веста индиретно ја објави Бигорски во текст посветен на честитките за устоличувањето на Јован за Митрополит на МПЦ-ОА.

Иако во текстот Владиката Петар не е директно посечен, сепак од контекстот на напишаното сосема јасно е за кој станува збор и кој се заканувал со откажување на устоличувањето ако на него служи и Партениј.

– Уште еднаш срдечно и јавно му се заблагодаруваме на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Јован за љубезната покана да земеме учество во чинот на неговата интронизација. За жал, и покрај нашиот потврден одговор, бевме спречени да отидеме во Крушево, бидејќи од необјаснети причини, целиот чин на востоличување беше условен со нашето неприсуство. Се прашуваме која е потребата да се поттикнува раздор и да се создаваат спротивставени табори на самоповикани „патриоти“ и измислени „предавници“, кога сите ние сме дел на едното Телото Господово. Според кои канони и според која традиција се оправдуваат и не се подведуваат на опомена, па и санкција, ваквите дејанија? Но, нека добриот наш Бог се смилува врз сите и нека ни го испрати духот на разумот, на вистинското помирение и на единството во името Негово, пишува во текстот Бигорски на својот сајт.

Владиката Петар веќе подолго време има јавна нетрпеливост кон Бигорскиот манастир, четопати користејќи ги и проповедите на Богослужбите за да ги клевети и напаѓа монасите. Меѓу причините кои досега јавно ги посочи се и тие дека верници од неговата епархија оделе во посета и на Богослужби во Бигорски. Петар смета дека во 21 век верниците треба да одат само во својата локална цеква, кај својот свештеник.

Инаку Бигиорски го поздраи устоличувањето на Јован за Митрополит, оценувајќи го чинот како братско помирување.

-Нашето монашко братство, возглавено од Старецот Епископ Антаниски г. Партениј, Му благодари на Бога и искрено се радува за братското помирување со почитуваниот Архиереј Христов г. Јован, а нему му упатува најтопли благопожелби за успешна и плодоносна работа со доверената му паства на нивата Господова, за слава Божја и за радост на Црквата православна, пишува во текстот на Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *