Поради одбележувањето на верскиот празник Задушница, утре од 06:00 часот во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кон градските гробишта „Бутел“ сообраќајот ќе се одвива по кружен тек и во една насока. Возилата ќе се движат по улицата „Бутелска“, потоа ќе свртат лево на „Александар Урдаревски“, повторно лево на „Боца Иванова“ и десно кон влезот на гробиштата.
При излез од гробиштата, возилата ќе се движат десно по „Боца Иванова“ до кружниот тек на „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улицата „Кемал Сејфула“.
Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен и во близина на гробиштата во Камник, Драчево и Ѓорче Петров, каде што се очекува зголемен број возила и посетители.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата и наредбите на полициските службеници за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

