Хиландарски монаси служеле помен за загинатите српски војници на врвот Кајмакчалан. Поводот бил 110 години од битката на Кајмакчалан. Веста ја објави манастирот Хиландар, а од фотографиите се глада дека поменот е служен во црквата параклис Свети Петар, која е под јуриздикција на Преспанско-пелагониската епархија.
Манастирот Хиландар објави дела поменот бил отслужен од монаси на овој манастир со благослов на архимандрит Методиј, игумен на Светата царска српска лавра Хиландар на Света Гора. Поменот го отслужил јеромонахот Нектариј Хиландарец, а во негова придружба бил и монахот Николај, хиландарски собрат.
За време на службата, црквата е накитена со српски знамиња, без да биде истакнато ниту едно македонско знаме или обележје. Паралелно меѓу верниците кои биле на поменот има и такви кои носат униформи на српската кралска армија од тоа време.
-Годинава се одбележуваат 110 години од битката на Кајмакчалан, една од најзначајните победи на српската војска во Првата светска војна. Јубилејот ќе биде одбележан во текот на летото со организирани искачувања на врвот Кајмакчалан, разновидни културно-уметнички програми и други придружни активности, а посебна свеченост беше организирана на празникот на светите апостоли Петар и Павле, по повод првата храмова слава на спомен-параклисот на 2.521 метар надморска височина од 1940 година наваму. Одбележувањето на овој значаен јубилеј се реализира со заложбите на: Општина Едеса, Друштвото за грчко-српско пријателство „Кајмакчалан 1916“ од Едеса, Крфското друштво за грчко-српско пријателство и Здружението за негување и зачувување на српското наследство „Кајмакчалан“ од Белград, пишува во објавата на Хиландар.
И во овој дел од објавата нема ниту збор за Македонија, ниту за МПЦ-ОА, во чија црква се служел поменот. Иако нема ништо спорно да биде отслужен ваков помен, за кој веројатно бил контактиран надлежниот митрополит, владиката Петар, сепак крајно понижувачки е на настанот да нема никакво обележја на државата на која и припаѓа црквата, и на чија територија се наоѓа црквата.
Црквата Свети Петар е изградена по наредба на кралот Александар Караџорџевиќ во 1928 година и нејзе СПЦ ја смета како дел од српското духовно наследство. Но, истовремено оваа црква во 1958 година е прогласена за македонско културно наследство






