Почна погребот на убиениот Али Хамнеи – новиот ирански Ајатолах Моџтаба не се појави

Date:

Share post:

Со посмртна молитва предводена од големиот ајатолах Џафар Собани, во Техеран започнаа официјалните погребни почести за убиениот врховен ирански водач ајатолахот Али Хамнеи. Десетици илјади луѓе според иранските власти се собрани да му оддадат последна почит, а пренос од обредот беше прикажан на државната телевизија.

Ковчегот, покриен со иранското знаме, беше изложен во комплексот Голема Мосала и ќе остане во Техеран до утре, по што телото на Хамнеи ќе биде пренесено и во светите градови Ком, Наџаф и Кербала, пред конечно да биде погребано во неговиот роден град Машхад.

Светските медиуми пренесуваат дека тројца синови на убиениот ирански лидер беа присутни на погребната церемонија и се помолија покрај ковчегот, но неговиот наследник како врховен лидер, Моџтаба, не се појавил.

За време на собирот, како што пренесуваат медиумите, се слушале извици „смрт за Америка“ и повици за одмазда против САД и Израел, кои иранските власти ги обвинуваат за нападот во кој загина Хамнеи.

Светските агенции наведуваат дека погребот има силна политичка и симболична димензија, во време кога властите настојуваат да демонстрираат национално единство и отпор кон западните земји.

Погребните церемонии ќе траат до 9 јули.

/360 степени

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img