По текстот на Religija.mk, СПЦ го смени името на МПЦ-ОА, но повторно се појави нова формулација

Date:

Share post:

По пишувањето и реакцијата на Religija.mk за начинот на кој Српската Православна Црква ја именува МПЦ-ОА, на официјалниот сајт на СПЦ е направена измена во текстот за меѓународната конференција во манастирот Манасија.

Во првичната верзија, МПЦ-ОА беше наведена како „Православна Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“, односно со формулација која создаваше впечаток дека СПЦ повторно ја користи кратенката ПОА за именување на Македонската Православна Црква.

По објавувањето на текстот на Religija.mk, формулацијата е променета. Сега на официјалниот сајт на СПЦ стои: „Синода Православне Македонске Православне Цркве – Охридске Архиепископије“.

Но и оваа верзија отвора ново прашање – зошто пред „Македонска Православна Црква“ стои зборот „Православна“?

Дали станува збор за остаток од претходната формулација „Православна Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“, која очигледно не е целосно отстранета при корекцијата, или пак СПЦ повторно воведува нова формулација за името на МПЦ-ОА?

Во секој случај, станува збор за необична ситуација во која во официјален текст на СПЦ во краток период се појавија две различни формулации за името на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Оттука, тешко е да се игнорира фактот дека именувањето на МПЦ-ОА во официјалните текстови на СПЦ и понатаму се менува. Ова не е прв случај СПЦ да користи различни формулации кога ја наведува Македонската Православна Црква, па новата корекција повторно остава простор за прашањето дали станува збор за технички пропуст или за уште еден обид за поинакво именување.

СПЦ ја преименува МПЦ-ОА во ПОА-МПЦ

Особено е интересно што измената на текстот следува откако Religija.mk јавно го посочи првичното именување и го отвори прашањето зошто МПЦ-ОА во официјалната информација на СПЦ е наведена како „Православна Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“.

Religija.mk засега нема информации дали делегацијата на МПЦ-ОА, која учествува на конференцијата во Манасија, реагирала кај организаторите или кај претставниците на СПЦ во врска со начинот на кој е наведена Црквата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img