Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Date:

Share post:

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една од своите беседи по литургиите, открива што му рекол Рускиот патријарх Кирил по сослужувањето во големата лавра Свети Сергеј во Москва.

Петар вели дека Кирил рекол дека и никој, ниту една Црква да не ја признаела МПЦ-ОА, тој и Руската црква ќе ја признаеле.

-Неговата светост, благоволи да погледне многу љубезно кон нашиот народ македонски, нашата црква македонска и нашата држава македонска и при средбата што ја имавме во големата лавра во Свети Сергеј, на нашата благодарност кон него за давањето и признавањето на автокефалноста, тој рече: „И никој да не ве признаеше од црквите, ние ќе ве признаевме“, изјавил владиката Петар.

Потоа потенцирал дека тоа за него е „голема радост и голема потврда дека љубовта и врските меѓу рускиот народ и македонскиот народ, меѓу РПЦ и МПЦ и меѓу Русија и Македонија постоела од најрано време, постојат и денеска и во иднина ќе постојат“.

Навистина импресивно делува воодушевувањето што владиката Петар го доживеал од големата прошетка низ руските цркви, која патем чини веројатно доста, инаку сигурно би го потсетил патријархот Московски дека МПЦ-ОА беше 55 години во излоација, од кои 13 години тој е на тронот во Москва, па имал сосема доволно време, токму во годините, како што вели “кога никој не ја признаваше“, да ја признаел МПЦ-ОА, наместо да се вмеша во тоа прашање откако Вселенската патријаршија го призна канонскиот статус на МПЦ-ОА.

Владиката Петар сигурно не би пропуштил и да го постети Московскиот дека убаво звучат овие зборови сега, особено кога со него речиси никој не сослужува, освен тук-таму по некој русофилски аехијереј, но дека МПЦ-ОА добро ги памети ставовите и позициите на Руската црква, кога МПЦ-ОА бараше руската црква да биде посредник во спорот, ама таа вешто се ставаше на страната на СПЦ.

 

2 COMMENTS

  1. Postoele vrski odamna i će postojat, osobeno otkako Makedonija oprati 30 tenka kako pomoš na Ukraina i sega poveće će gi zacrsti ako prati vojnici vo Ukraina da se borat protiv Rusija
    Eeeee nemoj da lažeš more Petre Ebivetre.

  2. Вашето поимање на нештата е површно, колку и да мислите дека располагате со не знам какви информации и аналитички способности. Потегот на Цариградскиот Патријарх беше политички мотивиран (не црковно-политички, туку чисто политички): со години некогашниот Претседател на Република Македонија со всушност наивна вера градеше синовски односи со г. Вартоломеј, но тој онака “татковски” почека неговиот недоветен опонент и народен непријател, Зоран Заев, да го договори/круниса воспоставувањето канонско единство со нашата Света Црква. Оној Зоран Заев кој ги аминуваше увозот на огромни количини лубриканти за хомосексуалците и бесплатните операции за трансродови лица во услови на запустена здравствена заштита за просечниот македонски граѓанин, оној Зоран Заев кој од завист кон политичкиот противник го менаџираше сокривањето скапи медицински апарати по подрумите на клиниките оставајќи на цедило илјадници смртно болни пациенти и кој од позиција на лажен премиер се зацари над регионалните нарко-картели и безмилосно ја исцрпи државата и ги сплоти сите криминални структури за енормно ограбување на буџетот на својот народ и државниот капитал стана достоен соговорник за Првиот меѓу еднаквите Поглавари на сестринските Православни Цркви на патот кон признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква и успеа да го издејствува ненадејното благоволение на г. Вартоломеј да ја врати во евхаристиско единство со останатите возобновената Охридска Архиепископија. Сигурно не мислите дека г. Вартоломеј наивно, неинформирано ги бира своите соработници во сеедно која точка од светот. За такви цели за него работи одлично организиран тим, тие не оставаат нешто на Божјата Промисла или на “случајот и околностите”. И денес врските на Цариградскиот Патријарх со Македонија жилаво се држат на челници од глобалистички ориентираната СДСМ подготвена да одработи за грчката кауза (на пример, неодамна г. Стево Пендаровски од позиција на никој и ништо се состана со г. Вартоломеј во Цариградската Патријаршија, кое секако ќе го наречат личен однос во име на отвореноста на Христос за се’ и секого ако им побараат објаснување). Што се однесува до меѓународните констелации – и тука грешите. На Критскиот Собор се случи турбуленција на отворено реструктурирање на односите меѓу Помесните Цркви: како што самите грчки клирици изјавуваат конечната црта на еклисиолошки план ја повлекла Москва за да ги заштити своите словенски браќа во Македонија. Највистинито е да се каже дека црковна Москва го поттикна и црковен Белград на безусловно надминување на црковниот спор со Македонската Православна Црква. Кои и какви се мотивите на Руската Православна Црква за таа ориентација е далеку над вашите перцептивни и спознајни можности. Но, да се омаловажува Московскиот Патријарх за срдечното гостопримство кон Епископите на Македонската Православна Црква (а со самото тоа намерно и свесно истовремено да се омаловажуваат и тие Епископи и самата Македонска Православна Црква) е срам за којшто секој монах или свештеник или не дај Боже Епископ од нашата Црква кој во иднина би разговарал со вас како со релевантен и добронамерен новинар (а не просто како со кутар човек кому му е потребна духовна помош во подвиг на покајание заради неговото лично спасение), значи секој таков клирик и самиот би станал непријател на Црквата за Чиј член се доживува себеси и во Чии мајчински пазуви се спасува.
    Кога Цариградскиот Патријарх безусловно и сељубовно ќе ја признае Македонската Православна Црква под Нејзиното уставно име и кога ќе ги прими со истата срдечност Епископите и клириците на нашата Света Црква, сослужувајќи со нив како со македонски пастири и свештенослужители, значи како со возљубени браќа во Христа како што тоа го стори Московскиот Патријарх и Неговиот клир, тогаш можеби и ќе имате некоја сламка да се фатите за да анализирате кој бил прв, а кој втор, трет или последен и зошто, постапил како што постапил во процесот на сеправославното прифаќање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Значи, прифаќање со искрена и безусловна христијанска љубов, а не разбојничко прескокнување на оградата на Стадото Божјо за да го ограбишми обесчестиш. Во меѓувреме вашето продавање магла дека никој не сослужува или не сака да сослужува со Московскиот Патријарх, па тој од немајкаде им се израдувал на македонските архиереи како на добредојдени сослужители е понижувачка најпрво за вас, бидејќи е лага, а во крајна линија нема ни смисла. Присетете се дека Московската Патријаршија според своето наоѓање се дистанцираше од Цариградската и дека е во состојба да ги обнови редовните односи со неа кога и да посака. За скапоценоста на секој од Епископите на Македонската Православна Црква што сослужуваа со руските архиереи нема да ви пишувам, со оглед на вашиот многупати изразен профан пристап на обезвреднување на нивното свештено достоинство од прости причини што или не се приврзаници на Цариградскиот Парријарх или не се доволно прочуени ниту припаѓаат на Помесна Црква со за вас бележито име. Но, не е толку важно кој со кого сослужува колку што вие денес се трудите да наметнете за критериум на благодатно пастирствување колку што е неопходно секоја од Помесните Цркви да се грижи за својот духовен раст, за спасението на од Бога довереното Стадо. Тие сослужувања имаат смисла само во мерата во која го помагаат благодатното наѕидување на верните како уникатни храмови Божји, и во мерата во која мистично го преобразуваат светот како носител на закваската на Царството Божјо. А кој колкава чест има е секако тема недостапна за надворешните. Господ вели дека им припаѓа на чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога. Тој што Го гледа Бога гледа се’. Чистотата на своето срце впрочем ќе мора да си ја преиспита секој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img