Почетна Политичка теологија Парадоксите на „македонскиот верник“
Парадоксите на „македонскиот верник“

Парадоксите на „македонскиот верник“

747
0

Религија.мк, во следниот период поединечно, со анализа ќе ги објави сите прашања од обемното истражување за перцепцијата на граѓаните за религиите во Македонија, спроведено со ИПИС, а поддржано од фондацијата Конрад Аденауер.

Парадоксални ситуации открива истражувањето на Религија.мк, ИПИС и КАС, спроведено за „перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во македонското општество“. Анализата на вкрстените прашања покажува дека голема разлика меѓу верската определба на испитаниците, нивната религиозност и нивното верување во темелите на истата таа религиозна група или црква и верска заедница на чија припадност се определиле.

veruva-2Ако на прашањето за припадноста кон една или друга религија, испитаниците одговориле дека во 75.2% припаѓаат на „Православни христијани“, а 21.6% на „Муслимани“ , на вкрстеното прашање за тоа дали веруваат дека „Бог постои како што е напишано во библијата(или куранот за муслимани)„ само 69.2% од испитаниците одговориле потврдно, односно дека „Бог костои како што пипува во верските книги“. Тоа значи дека вкупно 97,7 % од анкетираните кои искажале некаква верска припадност, дури 28,5 % се сомневаат во постоењето на Бог, онака како што тоа го претставуваат верските заедници.

Уште попарадоксален е одговорот на 17.9% анкетирани, кои избрале дека „Бог не постои, но постои некоја виша сила“. А, за третата опција „Не постои ни Бог ни виша сила,“ се определиле 4.9%. Оваа анализа покажува дека од оние 97.7%, дури 22.8 % анкетирани не веруваат во постоењето на Бог, а себе си се гледаат како припадници на една или на друга религија.

veruva-1Овој чуден феномен е многу поизразен кај припадниците на православните Христијани, отколку кај Муслиманите. Испитаниците муслимани во високи 96,7% одговориле дека за нив „Бог постои како што пишува во верските книги“, а само 3,3% сметаат дека „Бог не постои, но постои некоја виша сила“.

За разлика од нив, дури 26,5% испитаниците кои се определиле како православни Христијани не веруваат во постоењето на Бог. Само 63,2% испитаници, кои за себе велат дека се православни Христијани, веруваат во Бог како што пишува во Библијата.

Анализата на родовата група испитаници покажува дека жените се оние кои во поголем процент веруваат во постоењето на Бог(73,9%), наспроти мажите(64,3%).

veruvaСпоред старосната структура на населението пак, граѓаните со над 60 години и младите до 29 години, имаат највисок процент на одговори дека за нив „Не постои Бог, и не постои виша сила“. Тој процент е речиси идентичен и кај анализата на образовната структура на испитаниците.

Ова прашање, кое беше дел од истражувањето, е компатибилно со стандардното прашање кое се поставува во истражувањата на Евробарометар, на ниво на ЕУ.  Споредбено со истражувањата на европско ниво, дека веруваат во Бог изјавиле 51% од испитаниците во Евробарометарот од 2010 година (специјален евробарометар бр. 341 од октомври 2010), во виша сила 26% и не веруваат во ништо 20%.

(ПРОДОЛЖУВА)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *